Активен живот

COCA-COLA И ПИВАРА СКОПЈЕ ПОДАРУВААТ АКТИВНИ ЗОНИ НАМЕНЕТИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

Активен живот

Општина Гази Баба денес беше домаќин на отворањето на првата Coca-Cola aктивна зона во Македонија. На просторот веднаш до Спортската Сала „Автокоманда“, Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата заедно со Општина Гази Баба ја пуштија во употреба првата Coca-Cola aктивна зона во Скопје. Отворањето на првата активна зона го  означува почетокот на долгорочниот проект  „Coca-Cola активни зони“ кој ќе се реализира во повеќе општини ширум земјава.

Активните зони се донација од Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено опремени со најсовремена фитнес опрема, наменети за употреба на сите граѓани.

Основната цел на проектот е создавање здрави животни навики кај граѓаните преку практикување спортски и рекреативни активности.  Проектот е дел од глобалната платформа за промоција на здрав и активен живот на Coca-Cola и е одлична комбинација на спорт, забава и дружење.

Во изминативе години Пивара Скопје заедно со Coca-Cola реализираше низа успешни проекти промовирајќи го спортот и редовната физичка активност. Со цел да ја продолжиме оваа мисија, заедно со Coca-Cola компанијата, поддржани од локалната самоуправа и организацијата ‘‘Отворени забавни фудбалски школи‘‘ го започнуваме проектот ‘‘Coca-Cola активни зони‘‘. После неколку месеци подготовки, денес се наоѓаме на отворањето на првата активна зона во нашата матична Општина Гази Баба. Ова е проект кој го работиме со поддршка од 5 општини кој на крајот ќе резултира со целосно опремени 5 активни зони. Но, не застануваме тука. Активните зони ќе прераснат во традиција и во наредниве неколку години ќе ги има низ целата земја. Создавањето здрави животни навики кај сите генерации е клучно за секое општество и ние во Пивара Скопје секогаш ќе останеме посветени на нашата мисија за промовирање активен животен стил.‘‘, изјави г-дин Јован Радосављевиќ, Генерален Директор на Пивара Скопје АД.

Активните зони се состојат од 5 професионални фитнес справи и голови за мал фудбал поставени на соодветни локации на отворено. Покрај Општина Гази Баба, планирано е во текот на летово да се постават активни зони и во Струмица, Прилеп, Тетово и Охрид.

“Соработката на нашата Општина со Пивара Скопје и Coca-Cola Компанијата е долгогодишна, па така, партнерството за овој проект дојде природно. Затоа и токму тука го бележиме почетокот на проектот, кој за сите нас е од големо значење бидејќи е наменет и достапен за сите граѓани и затоа што промовира активен живот.“, изјави г-дин Тони Трајковски, Градоначалник на Општина Гази Баба.

Активните Зони ќе бидат отворени 24 часа и достапни за користење од страна на сите категории на граѓани кои имаат желба за рекреација и спортување, без никаков надомест.

Полна чаша на Instagram