ПРОЕКТОТ COCA-COLA АКТИВНИ ЗОНИ ПРОДОЛЖУВА И ВО ТЕТОВО

Тетово денес стана дел од големиот проект Coca-Cola активни зони кој започна да се реализира во повеќе општини ширум земјава. Во рамките на Спортскиот Центар, Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата заедно со Општина Тетово ја пуштија во употреба третата Coca-Cola aктивна зона.

Активните зони се донација од Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено, опремени со најпрофесионални фитнес справи, поставени на соодветни локации и достапни 24 часа на сите граѓани.

„Coca-Cola активни зони е најновиот од низата успешни проекти на Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата, кои ги реализираме како дел од нашата долгогодишна мисија за промоција на здравиот и активен живот. Проектот го реализираме во соработка со ‘‘Отворени забавни фудбалски школи“, а со поддршка на локалната самоуправа. Coca-Cola активни зони е голем проект, кој има огромно значење на долгорочен план и има за цел кај граѓаните да поттикне уште поголема иницијатива за физичка активност, спорт и рекреација. Досега во рамките на проектот отворивме две активни зони, а на наше огромно задоволство денес се наоѓаме на отворањето на третата Coca-Cola активна зона во Р.Македонија, во Општина Тетово. Во текот на летово ќе отвориме Coca-Cola активни зони во уште неколку градови низ земјава, со што продолжуваме да ја шириме нашата мисија, со цел да ја доближиме нашата идеја што поблиску до сите граѓани.”, изјави г-дин Ламбро Патче, Менаџер за јавни работи и комуникации на Пивара Скопје.

‘‘Нашето партнерство со Пивара Скопје бележи долгогодишна традиција и реализација на голем број проекти. Покрај тоа, ние сме и една од најуспешните Општини во Македонија на спортски план и навистина сме благодарни што Пивара Скопје и Coca-Cola Компанијата го препознаа нашиот успех и токму нашата Општина стана дел од првите 5 Општини кои ќе добијат активни зони годинава. Ова е навистина прекрасен проект кој на сите категории на граѓани им овозможува простор за рекреација и редовно спортување.‘‘ – изјави г-дин Ахмет Ќазими, Шеф на одделот за спорт, култура и образование при Општина Тетово.

Проектот е дел од глобалната платформа на Coca-Cola за промоција на активен живот како основа за создавање здрави животни навики кај граѓаните. Ова лето, покрај Скопје, Струмица и Тетово, активни зони ќе бидат отворени и во Прилеп и Охрид.

Полна чаша на Instagram