Концепти и платформи

10 ФАКТИ ЗА COCA-COLA ШИШЕТО

Концепти и платформи

1915
За да се спречат имитаторите, контурите на Coca-Cola шишето кои се сега веќе добро познати, биле патентирани уште во 1915 година од страна на Root Glass Company во Индијана. Пред да биде направено шишето со специфичната контура кое е толку карактеристично што би можело да се препознае во темница или скршено на земјата, Coca-Cola се продавала во шишиња со рамни страни во широк спектар на форми, големини и бои.

1923
Дали знаете дека мултипакот со 6 шишиња е всушност иновација развиена од страна на системот на Coca-Cola во 1923 година? Мултипакот е создаден за да ги охрабри луѓето дома да имаат Coca-Cola и да пијат почесто бидејќи во тој период се раширила употребата на фрижидери во домаќинствата.

25 декември 1923
Патентот на контурата на шишето бил обновен за прв пат во 1923 година. Оваа специфична форма на дизајн е патентиран во Американската канцеларија за патенти и објавени на 25 декември 1923. Овој датум е случајност. Публикацијата секогаш излегувала во вторник, а во 1923 година Божиќ бил токму во вторникот. Сите Coca-Cola шишиња произведени помеѓу крајот на 1923 и 1937 година носеле Божиќен печат. Денес, ова шише е познато како “Божиќно шише”.

1928
Продажбата на Coca-Cola шишиња ја надминала пордажбата на Coca-Cola на точење во 1928 година.

1950
Дали знаете дека во 1950 година, Coca-Cola шишето бил првиот комерцијален производ кој се појавил на насловната страница на магазинот „Time“? Појавувањето во „Time“ ја зацрврстува позицијата на Coca-Cola како интернационален бренд. Идејата на магазинот била на насловната да биде лидерот на компанијата Robert Woodruff, но тој одбил велејќи дека брендот е важен и дека самата Coca-Cola треба да биде на насловната страница.

1955
Дали знаете дека сè до 1955, Coca-Cola била достапна само на точење и во мали шишиња? Во 1955 се појавиле две нови големи стаклени пакувања, и тоа King Size (300ml и 350ml) и Family Size (770ml). Со ова за прв пат им се овозможило на потрошувачите да изберат помеѓу различни пакувања од ист производ.

1960
Дали знаете дека идејата да се полни Coca-Cola во лименки е тестирана уште пред Втора Светска Војна, но тестирањето запрело бидејќи потребните материјали не биле достапни за време на војната? Дури во 1960 во САД започнало продавањето на Coca-Cola во лименки од 350ml. Првите лименки во својот дизајн го вклучувале Coca-Cola шишето за да знаат потрошувачите дека истата Coca-Cola од шишето ќе ја најдат и во лименката.

1993
Дали знаете дека ПЕТ Coca-Cola шишето од 600ml прв пат е произведено во 1993 година? Ова шише и помогна на Coca-Cola да се разликува од другите пијалаци, истото како што тоа се случи со стакленото шише во 1915 година.

1996
Поради популарноста, фолк уметниците со години ја користеле Coca-Cola како предмет на нивната уметност. За време на Олимписките Игри во Атланта во 1996 година, компанијата организирала изложбата на Coca-Cola шишиња во нивна чест. Изложбата вклучувала дела на уметници од 54 држави кои ги користеле своите автентични материјали за да го „облечат“ Coca-Cola шишето. Овие тридимензионални шишиња скулптури биле од 60cm до 3.65m во висина.

2005
Компанијата Coca-Cola ја воведе алуминиумската верзија на уникатното шише во 2005. Компанијата заедно со најдобрите дизајн фирми од 5 континенти лансираа маркетинг кампања со серија различни дизајни на новото алуминиумско шише, позната како М5 (Magnificent 5).

Полна чаша на Instagram