Концепти и платформи

ХРОНИКАТА НА COCA-COLA: РАЃАЊЕТО НА ОСВЕЖУВАЧКАТА ИДЕЈА

Концепти и платформи

Производот што на светот му го подари најдобриот препознатлив вкус е роден во Атланта, Џорџија, на 8 мај, 1886 година.  Др. Џон Стит Пембертон (Dr. John Stith Pemberton), локален фармацевт, го направил сирупот за Coca-Cola и новиот производ ставен во тегла го носел по улица до аптеката Jacobs Pharmacy (аптеката на Џејкобс) каде што земале примерок од сирупот, го прогласиле за одличен и го пласирале во продажба по цена од 5 центи за чаша како пијалок за точење. Газираната вода била комбинирана со новиот сируп за да се произведе пијалак што во исто време е вкусен и освежувачки, опис кој продолжува да живее и денес секаде каде што се ужива вкусот на Coca-Cola.

Мислејќи дека “двете Cs ќе изгледаат добро во рекламирањето”, партнерот и книговодителот на д-р Пембертон, Франк М. Робинсон (Frank M. Robinson) го предложил името и го напишал сега веќе познатиот заштитен знак “Coca-Cola” со својот единствен ракопис. Првата реклама на Coca-Cola наскоро се појавила во весник во Атланта, повикувајќи ги жедните граѓани да го пробаат “новиот и популарен газиран пијалак од апаратите за точење.”

Рачно насликаните знаци на платното на кое пишува “Coca-Cola” стоеле на настрешницата од продавницата, со сугестија “Пијте” со цел да ги информираат минувачите дека новиот пијалак од апаратите за точење бил газиран и освежувачки. Во текот на првата година, продажбата во просек била скромни девет пијалаци на ден.

Др. Пембертон никогаш на го сфатил потенцијалот на пијалокот што го создал. Тој постепено продавал делови од неговиот бизнис на различни партнери и непосредно пред неговата смрт во 1888, го продал неговиот преостанат дел од Coca-Cola на Аса Г. Кандлер (Asa G. Candler). Атлантчанецот Кандлер бил човек со бизнис проникливост кој предложил да се купат преостанатите права и да се преземе целосна контрола врз компанијата.

Полна чаша на Instagram