Ние и заедницата

ОЛИМПИСКОТО ДЕБИ НА COCA-COLA: ПРИКАЗНА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КИОСКОТ НА COCA-COLA ОД ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО 1928

Ние и заедницата

Фотографијата е од киоскот на Coca-Cola на Олимпискиот стадион во Амстердам во 1928 година, каде што Coca-Cola го имаше своето деби на Олимписките игри. Тројца продавачи стојат во киоск со брендирани кошули и капи со логото на Coca-Cola, додека холандскиот превод – “вкусно и освежувачки” е рачно насликан на предната страна на штандот. Тогашните, сега веќе старомодни,  постери и исечоци ја красат кабината на киоскот со пораката дека Coca-Cola се продава 8 милиони пати на ден.

Фотографијата и киоскот отсекогаш биле важни поради симболиката на моментот и духот на авантурата кои биле присутни тогаш. Coca-Cola во 1928 година не била ниту произведувана во Холандија (таа доаѓа неколку години подоцна, во 1930 година). Всушност, Coca-Cola, онаа што ја гледате на оваа фотографија е испорачана од САД, заедно со спортистите кои патувале за да се натпреваруваат на Олимписките игри.

Не многу одамна, Coca-Cola беше контактирана од својот Холандски тим за да помогне во проектот за прослава на Олимпискиот стадион во 1928 година. Пред неколку децении, стадионот беше спасен од засегнатите граѓани од евентуално уривање и сѐ уште е активна спортска арена. Таму затекнавме фотографска историја на нашата вклученост на Олимпсикте игри во 1928 година во просторија која требаше да се реновира, а фотографијата на киоскот генерираше инстант идеја: “Што ако го обновивме киоскот и создадеме илустрација од 1928 година?” Бевме сигурни дека тоа ќе создаде извонредно искуство.

Идејата беше разумна и планирањето започна

Едно од првите прашања се однесуваше на бојата на киоскот. Првата испратена креација на агенцијата ја отсликува целата структура во светло црвена Coca-Cola боја. Тимот работеше од нашата црно-бела фотографија и претпоставуваше дека сè треба да биде црвено. Им рековме дека во 1928 година, додека црвената беше доминантна боја во нашето рекламирање, палетата со боја на Coca-Cola беше всушност многу поширока и дека темно-зелената, светло-жолтата и класично белата речиси секогаш се користеа. Беа испратени неколку упатства за стандардизација од 1923, 1928 и 1936 година за да им се даде чувство на бои и примероци што ќе се совпаднат со денешната боја. Сметавме дека на киоскот би требало да биде доминантна зелената боја; дури и во црно-белата фотографија, се чини дека се совпаѓа со рекламните постери кои се видливи. Просторот околу логото би бил црвен за да одговара.

Новите поекции на киоскот беа ажурирани, а проектот почна да навлегува во следната фаза. Џини Ван Винкл (Ginny Van Winkle), кој работи на изложби, ги извади артефактите од нашата колекција, за да ја осигураме нивната безбедност додека се изложени, имавме направено сопствени монтирања за да овозможиме да бидат прикачени на шалтер и ѕид на начин кој нема да ги уништи истите.

Носачите беа најтешкиот дел. Не можевме да најдеме нешто што ни одговара, па затоа користевме два носачи од 1930-тите години. Целата колекција на предмети беше наредена и пренесена во Амстердам, кој ќе биде нивен дом во следните четири години.

Искуството на Тед Рајан (Ted Ryan) – Директор на комуникации за наследство во компанијата Coca-Cola e следно: “Кога пристигнав на стадионот за да ги инсталирам артефактите на изложбата, бев изненаден кога влегов во собата и го видов киоскот. Изгледаше токму онака како што го замислив и се совпадна со остатокот од собата од 1928 година, во која се слави прекрасното партнерство помеѓу Олимписките игри и Coca-Cola. Имам направено голем број интересни проекти во мојата кариера, но овој е дефинитивно на врвот на листата.”

Полна чаша на Instagram