Концепти и платформи

COCA-COLA ЦРВЕНА: НАШАТА ВТОРА ТАЈНА ФОРМУЛА

Концепти и платформи

Не постои Pantone боja за Coca-Cola, но кога ќе ја видите, едноставно знаете. Како црвената  стана синоним за  Coca-Cola?

“Таа приказна започнува многу одамна, на самите почетоци на Coca-Cola “, вели Coca-Cola архиварот Тед Рајан (Ted Rayan) .

coca-cola crvena tajna formula 2

Франк Робинсон (Frank Robinson) книговодител и партнер на изумителот на Coca-Cola д-р Џон Пембертон (Dr. John Pemberton) го предложил името Coca-Cola и го дизајнирал иконското лого. На Робинсон му се допаднал  контрастот на црвено и бело и напишал  “Coca-Cola вкусно и освежувачко” со црвени букви на бела позадина уште во најраните почетоци на компанијата.

“Од тогаш”, вели Рајан, “црвената била усвоена како боја карактеристична за Coca-Cola”.

“И прерасна во ветување”  
Воведувањето на денес широко распространетиот Coca-Cola црвен диск во 1948 година помогна да се зајакне врската помеѓу брендот и бојата “Гледаш црвен диск на продавница и знаеш дека таму ќе можеш да добиеш вкусна, ледена Coca-Cola”, објаснува Рајан. “Тоа на некој начин стана ветување”

Трајното “ветување” на црвената боја продолжува да информира за современиот пристап на Coca-Cola  во дизајн, толку многу што Џејмс Сомервил (James Sommerville), потпретседател на глобалниот дизајн на Coca-Cola, смета дека таа всушност е “втората тајна формула” на компанијата.

“Кога ќе погледнеме во архивите, можеме да видиме 130 години “скалдирани” во една голема соба “, вели Сомервил. “Она што ние се обидуваме да го направиме е тоа да го пренамениме и  обновиме, на начин кој и денес би бил релевантен.”

coca-cola crvena tajna formula 3

Coca-Cola како еднoставна идеја

Пред не повеќе од една година, последната глобална маркетинг стратегија на Coca-Cola ја возвиши оваа богатата историја на компанијата и ѝ даде еден нов модерен имиџ.

Со визуелното аплицирање на иконскиот црвен диск врз заштитниот рекламен знак на Coca-Cola, стратегијата на “еден бренд” ги поврзува Coca-Cola, Coca-Cola Zero, Coca-Cola Light и Coca-Cola Life под еден единствен изглед и чувство и во една заедничка креативна кампања.

Со проширувањето на црвената боја на секоја варијанта, Сомервил верува дека овој дизајниран систем ги потсетува конзументите дека без оглед на тоа кој пијалак го купуваат, тие  “купуваат Coca-Cola како единствена идеја.”

coca-cola crvena tajna formula 4

Рајан се согласува. “Џејмс има направено брилијантна работа во преземање на минатото, давајќи му нов поглед”. “Не сакате да го преживеете повторно минатото, но не може ни да го заборавите. Треба да има некоја основа, јадро на кое можеме да се потпреме”.

Архивата на Coca-Cola ја подржува оваа основа. “Ние сме тука за да ставиме сјаен блесок на фундаменталните вредноста на компанијата, на најдоброто што сме го имале низ времето.- заклучува Рајан.

Полна чаша на Instagram