Концепти и платформи

ТОП 10 ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ КОИ ЈА ПРЕТВОРИЈА COCA-COLA ОД СТАРТАП ВО ГЛОБАЛЕН БРЕНД

Концепти и платформи

Извадок од книгата на Frederick Allen “Тајна формула” (1994 г.) , која се смета за објавена историја на компанијата Coca-Cola и нуди информации за тоа кои бизнис одлуки во текот на изминатите 130 години ја трансформираа Coca-Cola од пијалaк кој се нудеше во мала аптека во Атланта до еден од најпрепознатливите брендови во светот.

1886- 1940: Coca-Cola за Никел

Најраните лидери на Coca-Cola верувале дека нивниот производ треба да биде достапен насекаде и по цена достапен за сите. За да го постигнат ова, компанијата ја задржала цената на Coca-Cola на пет центи – или еден никел –  повеќе од 50 години. И покрај влијанието на двете светски војни и на Големата депресија, компанијата инсистираше на тоа дека прифаќањето на нивниот производ може да се максимизира само ако Coca-Cola пијалaкот биде достапен за сите. Оваа стабилна цена придонесе кон зголемување на побарувачката на потрошувачите, кои пак придонесоа, полначите да купуват повеќе сируп за да се произведе бараниот производ.

1894: Пронајдокот наречен “купон за примерок”

И покрај одличниот вкус, постоењето на Coca-Cola беше непознато за многу потрошувачи надвор од југоисточниот дел на САД. За да се реши овој проблем, Asa Griggs Candler, кој го купи рецептот за Coca-Cola од пронаоѓачот д-р John Pemberton во 1888 година, започна да подарува бесплатни  купони на секој кој ќе проба една голтка од Coca-Cola. Од 1894 до 1913 година, поделени се повеќе од 8,5 милиони купони за Coca-Cola. До тогаш, еден од девет Американци пробале Coca-Cola.

1899: Раѓањето на Системот Coca-Cola

Како прехранбената индустрија минува низ ера на огромни промени и конкуренција во доцните 1800-ти, Candler се фокусира на проширување на дистрибуцијата. Со проширување на продажба на правата за полнење на Coca-Cola, Candler имаше за цел создавање побарувачка за неговиот производ на национално ниво. Во 1899 година, Candler ги продаде правата за полнење на Coca-Cola во шишиња за $ 1 на Chattanooga, Тенеси. Адвокатите Benjamin F. Thomas и Joseph B. Whitehead, го создаваат она што денес е познато како Coca-Cola Систем. Со франшизно партнерство на Coca-Cola со повеќе од 250 произведувачи низ целиот свет, овој Систем го проширува досегот на Coca-Cola далеку од она што Candler некогаш можел да замисли – денес со продажба во повеќе од 200 земји.

1915: Лансирање на “contour bottle”

Речиси веднаш по своето лансирање, Coca-Cola се соочи со огромен број на имитатори кои се обидуваа да го имитираат нејзиниот успех. За да се справи со тоа, Coca-Cola ги повикува компаниите за производство на стаклени шишиња да создадат нов дизајн на шише кое би било толку различно што би можело да се препознае дури и скршено на земја или само со допир во мрак. Во 1915 година, инспириран од обликот на плодот на какаото, компанијата Root Glass го создаде она што денес е познато како шише “контура”, а со цел да ја издвои Coca-Cola од своите имитатори. Сега, по повеќе од 100 години, старото “contour bottle” е веднаш препознатлива икона во целиот свет.

1940: Coca-Cola за време на војна

Во текот на Втората светска војна, претседателот на Coca-Cola, Robert Woodruff е уверен дека секој Американец на служба, маж или жена треба да има Coca-Cola на располагање за пет центи, без разлика каде и да се наоѓа и без разлика на трошоците на компанијата. Група вработени познати како Технички Набљудувачи беа испратени со Американската армија да постават и да вршат надзор и следење на работењето на флаширање и дистрибуција на Coca-Cola до американските војници во странство. Визијата на Woodruff во текот на овој критичен период од историјата на САД и воведувањето на производот на различни пазари помогна да се основа Coca-Cola како глобална корпорација. Освен глобалното влијание, овој чин ја вгради лојалноста кон бренот меѓу војниците и семејствата во Америка, чија љубов и поддршка за производот траеше со генерации.

1960-ти Диверзификација: Minute Maid, Sprite, TaB и Fresca

Купувањето на Корпорацијата Minute Maid во 1960 година го одбележа првиот потфат на компанијата надвор од газираните пијалаци. Во времето на оваа аквизиција, Minute Maid има удел од една третина од продажбата на сок во САД и развиена репутација за квалитетот на својот производ. Оваа инвестиција е клучен чекор за проширувањето на Coca-Cola и диверзификација на своето портфолио во годините што следат. По успешното преземање на Minute Maid, во текот на следните неколку години, Coca-Cola го воведе и Sprite- првиот лимон-лајм производ на компанијата, TaB својот прв диетален производ и Fresca, цитрус пијалак без шеќер. Од тогаш, Coca-cola се зголемува и нуди повеќе од 3.800 пијалаци од различни категории. Само во 2015 година, компанијата лансираше повеќе од 600 нови производи.

1982: Диетална Coca-Cola

Во доцните 1970-ти, Coca-Cola започна да работи на нов пијалак кој ќе ја зголеми продажбата и ќе ги задоволи апетитите на потрошувачите за ниско-калорична пијалаци. Во 1982 година, компанијата ја воведе Diet Coke како прво проширување на заштитниот знак на Coca-Cola. Иако имаше првична загриженост дека новиот диетален пијалак ќе влијае на трговската марка, за само една година од лансирањето Diet Coke, таа стана топ диетален пијалак на нацијата. Воведувањето на Diet Coke e важна пресвртница за компанијата, бидејќи со тоа започна нов период што предизвика компанијата да преземе ризици во воведување на единствени и нови пијалоци за да ги задоволи променливите потреби на потрошувачите.

1985: Нова Coca-Cola

Во обид да се заживее пазарот, во 1985 година, Coca-Cola ги повлече своите претходници од пазарот за да воведе нова Coca-Cola, со, за прв пат во 99 години, изменета формула. Иако воведувањето на новата Coca-Cola се сметаше за бизнис грешка на векот, некои аналитичари го сметаат за случаен удар на маркетинг гениј. Во услови на негативна медиумска покриеност, протести, писма, телефонски повици и потрошувачи кои се обидуваат да ги надополнат своите витрини со колку што е можно повеќе оригинална Coca-Cola, една емотивна врска е откриена помеѓу брендот и нејзините корисници. Враќањето на оригиналната формула на Coca-Cola е најавено на прес-конференција, каде Don Keough, тогашен претседател и главен оперативен директор изјавува: “страста за оригиналната Coca-Cola е нешто што ја изненади компанијата.” Обновувањето на оригиналната формула на Coca- Cola Classic, го издвојува овој пијалак и го прави водечки безалкохолен пијалак во Америка.

Кон крајот на 1990-ти и-раните 2000-ти: Kомпанија за пијалаци

Во доцните 1990-ти, Coca-Cola започна да зборува за трансформација од компанија на претежно пенливи пијалаци во  компанија за пијалаци. Голем број на лансирани производи започнаа да бележат раст на потрошувачкиот пазар за негазирани пијалаци, особено на американскиот. Dasani започна како примарен бренд на вода на компанијата во 1999 година, по што следи лансирањето на Simply juices во 2001 година, Gold Pak чаеви во 2006 година и аквизицијата на Vitamin water и Smart water во 2007. Денес, секој од овие брендови се рангира меѓу 20-те брендови на компанијата, а секој од нив генерира повеќе од $ 1 милијарди долари на годишно ниво од продажба на мало.

Сега и во иднина: Следење на потрошувачите трендови

Денес, кога потрошувачите продолжуваат да бараат нови и возбудливи пијалаци во светот, компанијата изнаоѓа нови начини да ги следи растечките трендови со преземање на сопственоста на брзо растечки брендови на пијалаци. Во 2007 година, Coca-Cola во Северна Америка формираше специјална Venturing and Emerging Brands (VEB) единица која ќе ја идентификува новата генерација на  брендови на пијалаци вредни милијарди долари што компанијата може да ги додаде во своето портфолио. VEB дејствува како бренд инкубатор кој аквизира и инвестира во брендови кои вклучуваат Honest Tea, Zico, Suja и Core Power.

Надвор од САД, компанијата исто така, продолжува да аквизира и инвестира во брендови кои можат да одговорат на огромниот избор на пијалаци кои денес ги имаат на располагање потрошувачите во целиот свет. Компанијата неодамна најави глобални аквизиции и инвестиции во кои се вклучени AdeS*, еден од водечките бренд пијалаци во Латинска Америка базирани на соја;  Chi Limited, успешен Западнo Африкански производител на млеко и сокови  и China Culliangwang, протеински пијалаци на растителна основа направени од високо-квалитетни земјоделски извори.

 

За сето тоа време, компанијата продолжува да ги зголемува опциите на газирани пијалаци, вклучувајќи континуиран раст на својот оригинален и најсакан бренд – Coca-Cola.

 

Полна чаша на Instagram