Ние и заедницата

ПИВАРА СКОПЈЕ И COCA-COLA КОМПАНИЈАТА ОБЕЗБЕДИЈА 100.000 ЕВРА, ВОЛОНТЕРИ И ПАКУВАНА ВОДА ЗА ПОГОДЕНИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ

Ние и заедницата

Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата донираат 100.000 евра, вода и волонтерска помош, поддржувајќи го Црвениот крст на Република Македонија, Град Скопје, Општина Гази Баба и други релевантни институции во намалување на последиците од катастрофалните поплави во Скопје.

Во тесна координација со Црвен крст на Република Македонија, Пивара Скопје донира по еден камион пакувана вода дневно од почетокот на поплавата, која се дистрибуира до населението во најпогодените населби. Дополнитело, Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата обезбедија парични средства во висина од 100.000 евра кои се ставени на располагање на Црвениот крст на Македонија и на Управниот комитет за справување со кризи со цел да бидат искористени за приоритетните потреби на населението и овозможуваат логистичка поддршка во справувањето со последиците од поплавите.

„Трагичните последици од оваа катастрофална поплава длабоко нѐ трогнаа сите во Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата. Нашата првична реакција беше да се обратиме до нашите долгорочни партнери во Црвен крст и да понудиме помош за оние на кои им е најпотребна во подрачјата најмногу погодени од оваа природна катастрофа. Тие се наши вработени, соседи, пријатели и сограѓани. Пивара Скопје е интегрален дел од заедницата повеќе од девет децени и сметаме дека е природно да ги мобилизираме нашите сили за да придонесеме во напорот за помагање во ваква состојба преку производи, логистика, волонтерска работа и финансиска поддршка“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ при посетата на пунктот на Црвен крст во „Момин поток“.

Заради обезбедување ефикасна помош на погоденото население, Пивара Скопје обезбедува и соодветна логистичка поддршка и транспорт на пакувана вода од првиот ден по поплавите. Повеќе од 70 вработени од компанијата се ангажирани на волонтерска основа во пунктот на Црвениот крст, каде ги подготвуваат прехранбените пакети за погодените семејства и го поддржуваат Црвениот крст со други активности.

„Со издвоените финансиски средства, донацијата на пакувана вода, волонтерската работа и обезбедената логистичка поддршка, Пивара Скопје, Coca-Cola компанијата и нивните вработени уште еднаш на дело ја покажаа својата грижа за заедницата и за луѓето и тоа во моментите кога таа е најпотребна. Ставајќи ги на располагање човечките и компаниските ресурси тие покажаа висока општествено одговорна свест и докажаа дека се вистински партнер на заедницата и на Црвениот крст, на кој ние можеме секогаш да сметаме и за што сме им благодарни“, изјави генералниот секретар на Црвен крст на Македонија, Саит Саити.

И во наредните денови, Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата остануваат подготвени и посветени да ѝ помогнат на државата и на Црвениот крст на Република Македонија во справувањето со последиците од поплавите.

Полна чаша на Instagram