Животен стил

СЕКОЈА ХРАНА ИМА СВОЈ ПАР МЕЃУ ПИЈАЛАЦИТЕ, НО ПИВОТО Е ПОСЕБНО, ТОА МОЖЕ ДА СЕ КОМБИНИРА СО СЕКОЕ ЈАДЕЊЕ

Животен стил

Велат, храната е дар од боговите. Но, храната е всушност дар од големите мајстори на кујната. На првиот интернационален гастрономски натпревар кој се одржа во Скопје, имавме можност да го запознаеме и, на наше големо задоволство, да добиеме ексклузивно интервју за Полна Чаша од Ерик Главица, шеф на кујната на Германската фудбалска репрезентација, поранешен личен готвач на Ники Лауда. Роден во Салзбург, своето образование од областа на кулинарството го стекнува во Австрија и веќе 30 години активно се занимава со оваа професија, а негова најголема гастрономска инспирација се токму вкусните јадења на неговата мајка и омилениот рецепт кој таа често го приготвувала, говедско месо во сос од мајоран. Денес живее во Хрватска, а работата го носи на различни страни на светот. Учествува на гастро фестивали и готварски олимпијади, а паралелно успешно води кујни на 7 хотели во кои често готви и за познати светски политичари.

Зошто токму кулинарство како професија? Од каде љубовта кон готвењето?

Erich-Glavica-interviewЉубовта кон готвењето ми е всадена уште од детството. Често ги гледав мајка ми и баба ми додека приготвуваа храна во кујната, а приготвуваа сè, домашно и вкусно, слатко и солено. Но, јас некако повеќе се заинтересирав за слатките. Од нив ги научив тајните на совршените слатки, како што е познатата торта Естерхази и надалеку прочуената Сахер торта. Подоцна и работев во Сахер, што за мене беше животно искуство.

Кои се вашите омилени јадења?

Erich-Glavica-interviewОсвен што сум готвач, јас сум и голем гурман. Подеднакво уживам во храната и кога ја приготвувам и кога ја консумирам. Сакам тестенини, пилешко со лук, говедско месо, а од прилози  ги сакам црните маслинки, фета сирењето и зачините, без кои неможе да се замсисли ниту едно јадење.

 

Што најчесто приготвувате?

Erich-Glavica-interviewСè, буквално сè. Приготвувам различни јадења и често експериментирам….ладни и топли предјадења, супи и чорби, разни намази и паштети, сè од месо и што уште не. Но, сè уште со посебно задоволство правам слатки.

 

 

Првпат сте во Македонија. Ја познавате ли македонската кујна?

Erich-Glavica-interviewПрвпат доаѓам во Македонија, но за македонската кујна сум слушнал многу. На препорака на домаќините, пробав домашен ајвар. Вие навистина имате со што да се пофалите кога станува збор за национален специјалитет.

 

 

Храната се комбинира со пијалак. Велат секоја храна има свој пар во пијалаците. Со кој тип на храна вие го препорачувате пивото? Го користите ли некогаш како состојка кога приготвувате некое јадење?

Erich-Glavica-interviewТочно, секоја има храна има свој пар помеѓу пијалаците. Но пивото е посебен пијалак. Од моето искуство пивото може да се комбинира буквално со секој тип на јадење, од риба до месо, од солено до слатко и секогаш да даде различен “шмек” на храната. Што се однесува до пивото како состојка во готвењето, знае да биде незаменливо, особено ако печете месо и сакате да добиете фина, крцкава кора, прелијте го месото со пиво. Тоа, не само што ќе даде крцкава кора, туку и посебна златно-бакарна боја, па месото и на изглед ќе биде прекрасно.

Дали приготвувате и слатки со пиво, имате ли омилен рецепт?

Erich-Glavica-interviewСекако, пивото одлично се комбинира во чоколадните десерти, а мојот омилен рецепт е токму таков, бомбоњери со темно пиво.

 

 

Имате навистина големо животно и кулинарско искуство. Што би им препорачале на младите кои би го избрале готвењето како свој животен позив?

Erich-Glavica-interviewГотвењето се работи со многу страст и креативност. Ако го препознаат тоа во себе, дефинитивно треба да го изберат за своја животна професија. Но она што е најважно, како и за секоја друга професија во животот, мораат постојано да учат и да се надградуваат себе си.

 

 

 

 

 

 

Полна чаша на Instagram