Концепти и платформи

5 РАБОТИ ШТО НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА ДЕДО МРАЗ И COCA-COLA

Концепти и платформи

Дедо Мраз кој сите го знаеме и сакаме – тоа весело човече во црвена облека со бела брада – не секогаш изгледал така. Всушност, многу луѓе се изненадени кога ќе дознаат дека пред 1931, Дедо Мраз бил нацртан во повеќе изданија. Во еден момент носел бискупска мантија, па животинска кожа на нордиски ловец. Кога карикатуристот од Цивилната Војна, Томас Нaст за прв пат го нацртал Дедо Мраз за Harper’s Weekly во 1862, Дедо Мраз бил малечка фигура кој што ја поддржувал Унијата. Нaст продолжил да го црта Дедо Мраз и во следните 30 години, менувајќи ја бојата на неговото палто од кремава до онаа црвената, боја која што денес ни е добро позната на сите. Еве и уште неколку други работи кои што можеби не сте ги слушнале за веселиот дедо во црвена облека.

Дедо Мраз се појавува во рекламите на Coca-Cola од 1920 година

Компанијата Coca-Cola го започнува своето Божиќно рекламирање во 1920 со закуп на рекламен простор во списанија како The Saturday Evening Post. Првата реклама покажува еден строг Дедо Мраз, во стилот на Томас Наст. Во 1930, уметникот Фред Мизен го насликал Дедо Мраз во полна продавница, како пие Coca-Cola. Рекламата всушност била приказ на најголемата фонтана за газиран пијалок во светот, која што се наоѓала во продавница во Famous Barr Co. во St. Louis. Оваа беше искорестена во Божиќната кампања на Coca-Cola во 1930 година.

Coca-Cola помогна да се изгради сликата за Дедо Мраз

Во 1931 компанијата почна да поставува рекламни огласи на Coca-Cola во познати списанија. Арчи Ли, од Арси Маркетинг Агенцијата, работејќи за  The Coca-Cola Company имал за цел да креира кампања со која ќе покаже една целосна слика на Дедо Мраз претставувајќи го истовремено и како реалистична и како симболична фигура. Па така, Coca-Cola го овластува Хадон Сандблом од Мичиген, да развие рекламни слики, со кои ќе го прикаже Дедо Мраз како личност, а не како човек облечен како Дедо Мраз.  Како инспирација за својата работа, Сандблом ја користи поемата на Клемент Кларк Мур од 1822, “Ноќ пред Божиќ”. Користејќи го Свети Никола, Мур креирал слика на топол, пријателски, пријатен и човечен лик на Дедо Мраз. И иако често се вели дека Дедо Мраз носи црвено одело бидејќи тоа е бојата на Coca-Cola, тој бил прикажан така и претходно уште пред Сандблом да го наслика. Дедо Мразот на Сандблом, се појавил првпат во 1931 во рекламни огласи во списанија како The Saturday Evening Post, Ladies Home Journal, National Geographic, The New Yorker и други. Од 1931 до 1964, рекламите на Coca-Cola го прикажаа Дедо Мраз како носи играчки, како си игра со нив, како се одмара читајќи ги писмата на децата и како ужива во чаша Coca-Cola, како посетува деца кои што биле добри и како скришум јаде од фрижидерите во домовите. Оригиналните слики на Сандблом биле адаптирани за маркетинг целите на Coca-Cola за модни списанија, продавници, билборди, постери, календари и плишани мечиња. Многу од овие предмети денес се дел од скапи и познати колекции. Сандблом ја креираше својата крајна верзија на Дедо Мраз во 1964, но и неколку децении подоцна,  Coca-Cola продолжува да користи слики базирани на оригиналните дела на Сандблум. Денес, овие слики се едни од најценетите дела во уметничката колекција на компанијата. Тие биле изложени во повеќе музеи насекаде низ светот, на познати локации како Louvre во Париз, The Royal Ontario Museum во Торонто, The Museum of Science and Industry во Чикаго, и The NK Department Store во Стокхлом. Многу од нив можат да се видат на дисплејот во World of Coca-Cola во Атланта.

Новиот Дедо Мразе базиран на профил на Продавач

На почетокот, Сандблум го налсикал ликот на Дедо Мраз користејќи жив модел, неговиот пријател Лу Прентис, пензиониран продавач. Кога Прентис починал, Сандблум почнал да се користи самиот себе си како модел, гледајќи се во огледало. На крајот, тој почнал да се потпира на фотографиите од Свети Никола за да ја креира финалната слика. Луѓето толку многу ги обожавале сликите на Дедо Мраз, што кога компанијата нешто ќе сменела, стигнувале писма до The Coca-Cola Company. Една година, ременот на Дедо Мраз бил насликан наопаку, најверојатно зошто Сандболм се сликал гледајќи се во огледало. Друга година пак, Дедо Мраз се појавил на сликата без венчален прстен, што предизвикало многу фанови да пратат писма, прашувајќи се што се случило со Баба Мразица. Децата кои што се појавувале во рекламите биле децата од соседството на Сандблом, две мали девојчиња. Подоцна ги променил во момче и девојче за потребите на рекламата. Кученцето во сликата од 1964, било на цвеќарот од маалото на Сандблом, малечка сива пудлица. Но Сандблом сакал кученцето да се истакнува во Божиќната сцена, па го нацртал со црно крзно.

Дедо Мраз доби нов пријател во 1942 година

Во 1942 година, Coca-Cola воведе “Sprite Boy “, лик кој се појавува со Дедо Мраз во Coca-Cola рекламите во текот на 1940-тите и 1950-тите. “Sprite Boy “, кој исто така беше креиран од страна на Сандблом, го доби неговото име како асоцијација на самовила, или елф. (За информација, Coca-Cola го претстави својот пијалок Спрајт, дури во 1960 година )

Дедо Мраз стана анимиран во 2001

Во 2001 година, уметничкото дело од 1963 година, насликано од Сандблом беше основа за анимирана телевизиска реклама за Coca-Cola со Дедо Мраз. Рекламата беше создадена од страна на аниматорот Александар Петров, награден од престижната Академија.

Полна чаша на Instagram