Концепти и платформи

HEINЕKEN ПРОГЛАСЕН ЗА КРЕАТИВЕН МАРКЕТЕР НА ГОДИНАТА ОД „CANNES LIONS“ 2015

Концепти и платформи

Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions објави дека за 2015 HEINEKEN е награден за креативен маркетер на годината.  Признанието ги наградува оние  компании кои се разликуваат со инспирирање иновативен, глобален маркетинг на своите производи и оние компании кои ја прифаќаат и ја поттикнуваат креативноста при  бренд-комуникациите.

„Креативен Маркетер на годината од страна на Cannes Lions  е наградена компанија која ги надминува границите на креативноста и која цврсто верува дека креативноста е движечка сила на бизнисот и може да ја подобри ситуацијата во светот“, изјави  Филип Томас,  генерален директор на фестивалот. Тој понатаму вели: „HEINEKEN дише и живее со креативноста преку целата своја организација,  и има одлична рамка која им овозможува слобода  на маркетинг-тимовите да експериментираат задржувајќи ја основната суштина на своите брендови.  Тоа е доказ за  компанијата која  во последните три години,  за шест од нејзините брендови доби 41 Lions награди, како и  ценетата Гран При награда  за креативна ефикасност.  Знак кој укажува на важноста на креативната култура е фактот дека HEINEKEN e компанија која  ја има освоено наградата двапати откако ја воведовме во 1992 година, носејќи ја дома  и во 1995 г.”

Креативноста е одлична конкурентска предност бидејќи е мошне  тешко да се замени.  Се наоѓа во самото  срце  на врвни дизајнерски и маркетиншки програми, како и во иновациите. Целта на HEINEKEN  е постојано да го вчудоневидува светот со своите брендови, со своите луѓе и  со своите перформанси.

HEINEKEN беше одликуван со наградата  во рамките на 62- иот фестивал на Cannes Lions кој  се одржа од 21 до 27 јуни 2015.

 

 

 

Полна чаша на Instagram