КОРЕКТНИОТ И ФЕР ОДНОС КОЈ ГО ИМАМЕ СО КУПУВАЧИТЕ И ПОТРОШУВАЧИТЕ Е РЕЗУЛТАТ НА КВАЛИТЕТНА И ПОСТОЈАНА ЕДУКАЦИЈА НА ПРОДАЖНИОТ ТИМ НА ПИВАРА СКОПЈЕ

Љирим Мифтари му се приклучува на тимот на Пивара Скопје во 2002 година и оттогаш неговиот кариерен пат се движи во нагорна линија.  Како Тренер за обука на продажниот тим на Пивара Скопје, постојано го пренесува своето долгогодишно знаење и искуство на новите членови и ги подобрува вештините на целиот продажен тим. Тој со многу жар раскажува за работните предизвици, за културата и позитивната атмосфера во Пивара Скопје, која вели дека мотивира и овозможува да се пронајдеш онаму каде што си најдобар и постојано да напредуваш. „Без да бидам скромен ќе кажам дека главниот капитал на Пивара Скопје се луѓето. Цврстата определба и поддршката на оваа компанија ги мотивира луѓето да се развиваат на професионален план.“ –  вели Љирим.  За него, трите деца и сопругата се оние кои го мотивираат, му даваат инспирација и енергија за секој предизвик кој го носи денот.

 

  1. Кажи ни нешто повеќе за твоите почетоци. Кога и како ја започна својата кариера во Пивара Скопје?

Беше еден убав априлски ден во 2002 година, кога го започнав кариерниот пат во Пивара Скопје. Почетокот на кариерата ми беше како мерчндајзер – комерцијалист во реонот на Скопје. После една година преминав во дистрибутивниот центар Тетово – Гостивар како комерцијалист каде и бев промовиран во Раководител на тим, а во 2015-та година дојдов во Скопје како дел од Секторот за комерцијални вештини на позиција Тренер за обука на продажниот тим на Пивара Скопје.

Горд сум што водев тим со кој имавме огромни заеднички успеси во продажбата. Едноставно си поставив цел уште од првиот ден дека ќе ја променам сликата во тој регион и заедно со мојот тим со многу ангажирање, желба и страст успеавме да придонесеме за врвно поставување на теренот и одржлив раст. Мило ми е дека зад себе оставив подготвен и компактен тим кој може да одговори на сите предизвици на пазарот.

Позицијата Тренер за обука на продажниот тим на Пивара Скопје, беше еден вид предизвик за мене, бидејќи беше ново и сосема различно од тоа што го работев претходно. Брзо се прилагодив и се стремев да направам поврзување помеѓу долгогодишното искуство и знаење во продажбата и негово пренесување во делот на продажната сила во Пивара Скопје. Најмногу ме радува е тоа што се пронајдов во оваа улога. Работам со голема страст и желба и уживам да работам на развивање на вештините на продажниот тим.

 

  1. Што сѐ опфаќа позицијата на која се наоѓаш моментално и кој е вашиот главен фокус?

Можеби звучи смешно, но некогаш навистина ми е тешко да им објаснам на луѓе надвор од бизнисот што е тоа што го работам. Накратко, дел од многуте обврски кои ги имам како Тренер за обука на продажниот тим на Пивара Скопје се:  процена на вештини и компетенции за комерцијалистите и раководителите на тим, ги обучувам и им ги надрадувам способностите за да го дадат максимумот од себе, осигурувам локални таленти од структурата на продажба преку меѓусекторска – тимска соработка и давање јасни насоки и фидбек на релевантните регионални менаџер и раководители на тим. Исто така, истражувам и ги анализирам потребите за тренинзи, ги дизајнирам и ги испорачувам, потоа ја евалуирам ефективноста од тренинг програмите и секако најважното – ги пренесувам сите новости, преземајќи го најдоброто од двете Групации на кои им припаѓаме, Coca Cola Hellenic & Heineken.

 

  1. Во рамки на секторот за продажба во Пивара Скопје, функционира и Академија за продажба. Кажи ни нешто повеќе за неа?

Академијата за продажба пред сѐ е дизајнирана за да обезбеди потребни знаења, вештини, информации, стандарди за новите членови кои ни се приклучуваат во тимот на продажба.

Содржи неколку модули и трае вкупно три дена. Опфатени се теми почнувајќи од улогата на еден комерцијалист/раководител на тим, основи на активацијата, преговарање, решавање на приговори, безбедност на работа, квалитет на производи и многу други теми.

 

  1. Освен Академијата за продажба, постојано одржувате и тренинзи за продажниот тим. Која е целта на ваквите обуки?

Постојано одржуваме различни тренинзи на постоечкиот тим за продажба, а во зависност од потребата имаме нови теми и тренинзи кои се поврзани со стратегијата на компанијата и промените и новите предизвици на пазарот.

Мојот главен фокус на овие тренинзи е – преку презентирање на концептот и стратегијата на компанијата, да му се овозможи на тимот за продажба со многу страст тоа да го пренесе тоа и во пракса. За ова секако треба време, но постепено тоа ќе им влезе во навика и континуирано ќе го прменуваат на терен. Постапувајќи со интегритет и брутална искреност, секогаш компатибилен меѓу зборовите и постапките, настојувам да создадам безбедна и позитивна средина за себе и за другите, секогаш во потрага по нови начини на извршување на задачите.

Целта пред сѐ е да се осигураме дека нашите луѓе од продажниот тим го добиваат потребното знаење за нивната позиција. Треба да бидат подготвени и потковани со сите вештини за извршување на задачите и преточување на компаниската стратегија во реалност, а тоа е пазарот. Ние се менуваме следејќи го трендот на пазарот, па така и нашиот пристап се менува. Работиме со нашиот продажен тим давајќи му насоки  преку тренинзите, а тие понатаму го пресликуват тоа на терен, покажувајќи високо ниво на мотивација, страст и професионалност. На крај задоволството е заедничко, а чувството да се биде број еден на пазарот и неприкосновен лидер во сите сегменти, е незаменливо.

 

  1. Со какви предизвици се сретнува вашиот тим во работата со купувачите?

Предизвиците се големи, бидејќи нашите купувачи имаат големи очекувања од нас. Главната причина за тоа е што Пивара Скопје има најголем удел на пазарот во делот на пијалаци, и во делот на пиво и во делот на безалкохолни пијалаци. Нашиот продажен тим секогаш настојува да создаде врска, помеѓу потребите на купувачите и нашите предлози, за на крај да имаме win – win ситуација.  Најголемиот предизвик е да имаме задоволен купувач од секој аспект, а ние да веруваме дека секогаш има простор да одиме чекор понапред за изградба на долготрајно партнерство и зацврстување на нашиот заеднички пат со купувачите.

 

  1. Што е клучно за да се одржи добриот однос со купувачите?

Пред сѐ соодветниот пристап, искреноста, предлозите за раст на бизнисот, решавањето на проблемите и најглавното –  довербата.

 

  1. Колку купувачите се пресудни за успешноста на бизнисот?

Во вредностите на Пивара Скопје со децении е вградена културата дека купувачот е секогаш на прво место и треба целосно да му бидеме посветени на неговите барања. Купувачот е смислата и центарот на нашиот бизнис и така и ќе остане. Со цел оваа култура полесно да ја пренесеме, неодамна организиравме посебни тренинзи на кои освен тимот за продажба, беа присутни и останатите колеги од сите сектори, како и целиот менаџерски тим. Целта на ваквите обуки беше на сите вработени да им се укаже колку купувачите се значајна алка во нашиот бизнис и дека нивното задоволство зависи од однесувањето на секој Пиварец.

 

  1. Како една голема компанија како што е Пивара Скопје влијае врз професионалниот развој на вработените и работната атмосфера?

Пивара Скопје нуди огромна можност за развој во една динамична и пријатна атмосфера, со огромна взаемна почит меѓу колегите. Без да бидам скромен ќе кажам дека главниот капитал на Пивара Скопје се луѓето. Цврстата определба и поддршката на оваа компанија ги мотивира луѓето да се развиваат на професионален план. Конкретно во нашиот сектор не паметам кога сме имале негативна енергија и атмосфера. Секогаш сме позитивни, транспарентни и со меѓусебна поддршка. Јас често велам, тешко се наоѓа ваков тим и мене ми е чест да бидам дел од Секторот за комерцијални вештини.

 

  1. Кон кои професионални цели ќе се стремиш, за во иднина да бидеш уште поуспешен во твојата област?

Убеден сум дека учењето по дефиниција е процес. Тоа значи дека процесот има почеток но, нема крај. Ќе продолжам да учам, а тоа ми претставува задоволство, бидејќи кога учите истовремено се менувате на подобро, но и се чувствувате повеќе самоуверени.

 

  1. Што правиш во слободно време, имаш ли некое хоби или нешто што те релаксира?

Читам и сакам да бидам во тек со новостите во светот на бизнисот и мојата работа, но и многу пешачам и планинарам. Како татко на три деца, секако дека приоритет ми е семејството на кое сум многу горд. Тие ми се главниот мотиватор, ми даваат инспирација и енергија, а најголем поддржувач без кој не можам да замислам како би функционирал е мојата сопруга.

Полна чаша на Instagram