ОГЛАС ЗА РАБОТА: ИНЖЕНЕР ВО КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ НА ПИВО

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки, со цел да обезбеди потребен квалитет во процесот на производство на пиво, почнувајќи од влезни суровини, третирана вода, полупроизвод, сè до готов производ согласно зададените стандарди.

 

Што е тоа што го бараме:

  • Висока стручна подготовка ВСС, технолог или насока биологија/хемија ПМФ;
  • Познавање на Меѓународните стандарди за управување со квалитет и безбедност на храна се смета за предност;
  • Работно искуство во областа на лабораториско работење/извршување микробиолошки анализи, Контрола на квалитет на храна се смета за предност;
  • Одлично познавање деловен англиски јазик;
  • Одлично познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим;
  • Способност за работа во кратки временски рокови и работа под притисок.

 

Краток опис на основните одговорности:

  • Обезбедува физичко-хемиски квалитет на производот согласно компаниските стандарди, законската регулатива, како и корпоративните стандарди на „The Coca Cola Company“/„Coca Cola Hellenic“/„Heineken“;
  • Во согласност со програмата за микробиолошка контрола, гарантира редовно земање примероци и правилно спроведување анализи во лабораторија за контрола на квалитет, низ сите фази на производство почнувајќи од квалитетот на водата што се користи, суровини, репроматеријали, на полупроизводи, како и на готов производ;
  • Обезбедува точност на лабораториските резултати (First Line Control);
  • Одговорен е за воспоставување и мониторинг на неопходни превентивни и корективни мерки/акции во случај на параметри надвор од стандарди при тестирање суровини, пакувачки материјали, полупроизвод и готов производ;
  • Врши надзор на хигиенската состојба во производството, предлага и презема мерки во случај на отстапување од стандардите;
  • Одговорен е за правилно функционирање на лабораториската опрема и нејзина редовна калибрација;
  • Изготвува прегледи за усогласеност на испорачаните суровини и пакувачки материјали, полупроизвод и готов производ согласно компаниските стандарди;
  • Обезбедува позитивна работна атмосфера и тимски дух во својот сектор, како и соработка со другите сектори со цел подобрување на заедничките компаниски резултати.

 

Работниот однос се заснова врз определено време од 9 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата подразбира работење во смени од 8 работни часа, во текот на неделата, вклучувајќи и викенд во зависност од смената. Минимална основна бруто-плата за тоа работно место е 46.000,00 МКД.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 30 дена по истекот на рокот на пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати.

 

Како да се аплицира:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака за називот на позицијата, „Инженер во контрола на квалитет на пиво“, најдоцна до 13.11. 2017 година.

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

 

 

Полна чаша на Instagram