Портфолио

ИСТОРИЈА НА COCA – COLA ШИШИЊАТА

Портфолио

Годините брзо минуваат, одвојте момент да ги разгледате вашите стари фото – албуми. Видете ги вашите најмили, децата кои денес се веќе пораснати и ги славите нивните успеси, баби, дедовци, пријатели со кои со години не сте се виделе. На семејните собири сигурно на некоја фотографија има Coca – Cola шише кое ве следи низ годините, за подобар вкус на сите ваши важни мигови. Но, и шишињата се менувале, секогаш за да бидат подобри, поеколошки и попрактични за потрошувачите. Историјата на славните шишиња Coca – Cola е долга нешто повеќе од еден век и почетокот како и секој друг не бил воопшто лесен, но од денешен аспект е мотивирачки.

1915 – Coca – Cola го доживеала своето прво флаширање кога еден трговец забележал зголемена продажба на пијалакот. Својата идеја ја испратил до компанијата, но сопствениците не ја препознале генијалноста во идејата.

1916 – Кога компанијата сфатила дека е нужно да се излезе на пазарот со шише за Coca – Cola, дизајнерите имале полни раце работа, затоа што дизајнот секако морал да биде автентичен и препознатлив, не смеело да биде нешто што е веќе видено. Компанијата која го произвела дизајнот се викала „Root Glass“ од Индијана. Токму во тие делови се раѓа контурираното шише на Coca – Cola кое создало историја!

1923- Дизајнот на шишето се покажал како одлична идеја, но зошто да имате едно шише кога можете 6? Шесте шишиња  Coca – Cola за носење биле вистински хит во тоа време.

1950 – Контурираното шише Coca – Cola било првиот комерцијален производ кој се појавил на насловната на „TIME“,  а потоа го доживува својот бум и на шоуто на  CBS – „The Edgar Bergen-Charlie McCarthy Show“.

1955 – Оттогаш почнуваат и иновациите во пакувањето, односно потрошувачите за прв пат можеле да купат шишиња со различна големина.

1960  – Ова е годината кога се создава препознатлививото лого на Coca – Cola. Малку подоцна се појавува и пластичното шише кое го доживува својот бум. Потрошувачите го сакаат затоа што не се крши, лесно се затвора и што е многу важно – се рециклира!

2000 – Иновациите одат чекор подалеку, повеќе не се инсистира на дизајнот туку на практичноста. Шишињата се дизајнирани со посебно стакло кое има зголемена отпорност од удар, тежината му е намалена, како и цената. До 2016 беа заштедени 52.000 метрички тони стакло.

2009 –  Со цел да се зголеми еколошката свест на уште повисоко ниво, на пазарот се појавува био-разградливото шише кое е 100% разградливо и 30% обновливо.

Малку подоцна се појавува и шишето на чија етикета се испишани имињата, па секој може да подари персонализирана Coca – Cola.

Денес сме горди на Coca – Cola што ве следи низ секоја собиранка и сакаме да зачуваме парче од таа историја од која секој има свои спомени. Полека, но сигурно го градиме музејот со антиквитети кои ни ги испраќаат нашите потрошувачи. Испратете ни ги старите шишиња, чаши, затворачи, фотографии со Coca – Cola и другите нејзини брендови и ајде заеднички да изградиме парче историја, каде секој ќе има свој удел.

За подобар вкус на денот, пратете ни парче од историјата и заедно да го сочуваме!

Полна чаша на Instagram