Ние и заедницата

НОВ ЛЕТНИКОВЕЦ ВО ОПШТИНА КАРПОШ, ДОНАЦИЈА ОД ПИВАРА СКОПЈЕ

Ние и заедницата

Благодарение на омилениот пивски бренд Скопско, а во духот на неговиот слоган “За Нас” денеска жителите на Општина Карпош, добија нов летниковец, донација од Пивара Скопје. Станува збор за ново место за дружење и рекреација, каде граѓаните на оваа општина ќе имаат можност да поминуваат време заедно, и да го негуваат маалскиот живот кој сите ние  полека сме го забораваме.

Станува збор за донација на првиот од  вкупно 15-те летниковци кои ќе бидат поставени во различни општини низ земјава, а која произлезе токму од духот на Скопско пиво, кое со својата најнова кампања нè потсетува на пријателствата, маалските анегдоти и приказни, и сите други мали нешта кои ни значат, нè зближуваат и радуваат.

Летниковците се места за дружење каде се играат најразлични друштвени игри – табла, шах и карти, но и каде можеме да седнеме, да ги запознаеме сите соседи кои живеат над нас, под нас, карши нас,  да испиеме по едно Скопско и да разговараме за сè и сешто. Да подзастанеме и да се одмориме од горештините, да ги наштимаме велосипедите пред да тргнеме на авантура, или да се направи последен договор пред баскет. Летниковците се симбол за заедништво и насмевки, симбол за растењето на многу генерации заедно.

Скопско пиво со оваа акција и со новите летниковци ќе донесе многу насмевки, и ќе создаде уште подобри услови да се раскажуваат и пренесуваат среќни приказни за маалските дружби, за пријателите, ЗА НАС. Нека ни е на здравје со СКОПСКО!

 

Полна чаша на Instagram