Активен живот

МААЛСКИОТ ДУХ

Активен живот

Веројатно генерациите од пред т.н. IT ера со носталгија се сеќаваат на маалските дружби, на моментите кога ги молеа своите родители за барем уште пет минути дружба со своите другaри во некој парк, детско игралиште, училишен двор. Таквите моменти несомнено оставија траен белег врз тие генерации. Маалскот дух е сосема спротивен на денешниот – виртуелниот, изразен преку програмски инструкции со едници и нули.

Постојат две фундаментални разлики,  животот преку објективот на дигиталната технологија и реалниот живот во кој живееме, иако, многумина ќе кажат дека технолошкиот живот е оној вистинскиот во кој многу од нас живеат. Виртуелниот живот не е реален, а искуствата се создадени од страна на технологија со цел да се доближат и симулираат реалните искуства.

За жал, новите генерации маалскиот живот го заменија со виртуелниот. Маалските дружби ги заменија со компјутерски игри, гејмерски конзоли и мобилни телефони. Многу слободно време, а малку дружење. Најголем дел од нив никогаш не го почувствувале моментот како е кога молиш за уште пет минути повеќе, моментот кога играш фудбал во локалниот парк и целиот од глава до пети зелен од трева се враќаш дома или како изгледа кога девојчињата играат ластик или некоја друга маалска игра. Тажно е што најголем дел од нив не знаат како е да имаш многу другари од маало, што значи да се трудиш да бидеш најдобар за да можеш постојано да си дел од победничкиот тим, не знаат какво е чувството кога дланките ти се калливи од играње џамлии. Уште потажно е кога генерациите кои го живееле ова  им раскажуваат на своите деца, а нивниот одговор најчесто е „Убаво ви беше бидејќи во тоа време и вие бевте млади“. Има вистина и во тоа, но ниту една социјална мрежа или апликација за допишување не може да го замени комуницирањето со другарите во маало.

Проектот на Пивара Скопје и Компанијата Coca-Cola  и изградбата на Coca-Cola Активните Зони во повеќе градови влева надеж и дава шаренило на денешното виртуелото секојдневие. Особено радува фактот што секојдневно расте бројот на корисници од сите генерации на активните зони, дотолку повеќе што најголемиот број корисници се млади луѓе кои полека но сигурно почнуваат да го заживуваат маалскиот дух.  Зоната во Охрид, а верувам и во останатите градови, е зоната во нашето маало, место каде што луѓе од сите генерации и етникуми доаѓаат да се рекреираат под отворено небо, да се забавуваат и да се дружат.

Мислењата изразени во овој текст се на авторот и не секогаш ги претставуваат ставовите на Пивара Скопје.

Полна чаша на Instagram