Ние и заедницата

МОТОРЏИСТВОТО ПОДРАЗБИРА ОДГОВОРНО ВОЗЕЊЕ И БЕЗУСЛОВНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА 

Ние и заедницата

Годинава, по десетти пат во организација на мото клубот “Ноќни Волци” од 26 до 28 август на Скопското Кале се одржува традиционалниот интернационален Мотофест. Во пресрет на фестивалот, ексклузивно за Полна Чаша, разговаравме со Ленин Јовановски, пасиониран моторџија, сопруг и татко на четири деца и претседател на клубот. Вели, љубовта кон моторите му е во гените, наследена од таткото, некогашен член на мото-полициска единица. Првиот мотор го купил на 25 години и од тогаш живее живот на две тркала, а неговата мисија е општествено одговорно делување со посебен акцент на безбедноста во сообраќајот и одговорно консумирање алкохол.

Оваа година одбележувате  10 години од основањето на мото клубот “Ноќни Волци”. Пред сe, честитки за јубилејот!!  Иако веројатно не постои човек кој не слушнал за “Ноќните Волци,” сосема накратко, за читателите на Полна Чаша, кои се “Волците” и која е целта на постоење на клубот?

Microsoft Office 2010_2016-08-26_17-45-03Идејата за “Ноќните Волци” се роди пред 12-13 години кога една група моторџии од Македонија отидовме во посета на рускиот клуб “Ноќни Волци”. По 2-3 години интензивно дружење и соработка, го основавме нашиот мото клуб. Но, “Ноќни Волци” не е само клуб туку едно големо братство на луѓе кои ја сакаат својата земја, ги почитуваат нејзините традиционални вредности и водат грижа за нејзиниот одржлив развој. Ние промовираме меѓусебна соработка и помагање меѓу членовите на клубот, но и надвор од него, во рамките на заедницата. Стремиме кон тоа луѓето да не препознаваат како општествено одговорни, а не да не перципираат во негативен контекст. Од формирањето па до денес мото клубот е препознатлив по своето одговорно делување бидејќи нашите членови се често присутни на настани кои испраќаат пораки за хуманост. Ова го градиме со години и секојдневно се трудиме да бидеме што подобри. Притоа не ги следиме само своите патеки, туку правиме патеки кои сакаме другите да ги следат.

Од каде љубовта кон моторите?

Microsoft Office 2010_2016-08-26_17-45-03Љубовта кон моторите ја наследив од татко ми кој беше член на мото-полициска единица. Од дете сонував за мотор, но ми требаше многу време, труд и пожртвуваност за да можам да си го дозволам првиот мотор. Тоа ми помогна и да станам комплетно свесен за одговорноста која ја носам како моторџија во сообраќајот.  Мој апел до сите млади и идни моторџии е да не се откажуваат од своите соништа, но да сфатат дека моторџиството не е турирање, дрифтање и големи брзини туку внимателно и одговорно возење и безусловно почитување на правилата.

Возењето мотор е, велат, посебно чуство.  Што е за тебе моторџиството, хоби или начин на живот?

Microsoft Office 2010_2016-08-26_17-45-03Возењето мотор е посебна димензија и чуство кое неможе да се опише со зборови. Јас често знам да го споредам со водењето љубов 🙂 . Со оглед на посветеноста, возењето мотор е дефинитивно активен начин на живот. Но нашите членови се луѓе кои успеваат да направат баланс помеѓу моторџиството и семејството и луѓе кои ги негуваат семејните вредности.  Знаете,  поддршката од семејството е многу важна. Ние тоа го имаме и затоа нашите сопруги и деца се многу често дел од патувањата.

Како изгледа животот на две тркала? Се чуствувате ли безбедно на асфалтот?

Microsoft Office 2010_2016-08-26_17-45-03Никогаш не може да бидете 100 процентно безбеден. Моторџиите се многу често жртви, но и предизвикувачи на сообраќајни незгоди. И покрај перцепцијата дека ризиците се поголеми на отворени патишта сепак статистиките говорат дега сообраќајните незгоди се многу почести во градските средини, а предизвикувачи и жртви можат да бидат подеднакво сите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила. Мој апел и мисија е унапредување на сообраќајната култура преку континуиран процес на постојана едукација и практична примена на сообраќајните правила и прописи на сите учесници во сообраќајот.  Само на овој начин  ќе се чуствуваме побезбедно и ќе ги намалиме ризиците.

Посветувате големо внимание на безбедноста во сообраќајот и движејќи се по улиците сте амбасадори за промоција на културата за безбедно возење.  Од каде соработката со Пивара Скопје?

Microsoft Office 2010_2016-08-26_17-45-03Пивара Скопје со години развива комуникациска платформа за  Здравје и Безбедност која има за цел да ја подигне свеста од безбедност во сообраќајот и одговорно консумирање алкохол. Со партнерството кое го имаме со Пивара Скопје сакаме да испратиме силна порака до сите учесници во сообраќајот “Ако пиеш алкохол, никогаш немој да возиш!” Нашата цел е да покренеме позитивни промени во сообраќајната култура и да ја подигнеме свеста за одговорното консумирање на алкохол за што поголема безбедност во сообраќајот.

Сосема за крај, кое е вашето мото и која е пораката што сакате да ја испратите?

Microsoft Office 2010_2016-08-26_17-45-03Возете безбедно, не возете доколку пиете и секогаш консумирајте одговорно!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Полна чаша на Instagram