Ние и заедницата

КАКО МУЗИКАТА ВЛИЈАЕ НА ВКУСОТ И ПИВОТО

Ние и заедницата

Неурогастронимија. Звучи познато? Некому можеби да, но на повеќето веројатно им изгледа како измислена кованица од два збора: нешто поврзано со мозокот и нешто со храна. И да, во право сте, етимологијата на зборот токму тоа значи, меѓутоа не се работи за нешто измислено, туку за реална и релативно нова дисциплина која датира од минатава декада. Неурогастрономија е всушност учењето за комплексните процеси на мозокот кои ги поттикнуваат вкусовите кои ги доживуваме додека јадеме или пиеме. Но, што тоа значи?

Истражувањата сугерираат дека звукот е „заборавеното сетило за вкус“ кога се работи за тоа како ги перципираме вкусовите. Без разлика каква е акустичната атмосфера, таа може да влијае на начинот како го доживуваме вкусот на храната или пијалакот кои ги консумираме. Всушност, кога го анализираме комплетниот вкус на конкретна храна или пијалак, ние мислиме на нивниот вкус, веројатно и на нивниот мирис, на начинот на кој што храната или пијалакот изгледаат и се послужени и на текстурата која ја оставаат во устата – но, никогаш не мислиме на звукот.

Веројатно и не забележуваме, но различни звуци, па дури и различни нивоа на звуци, на различен начин го засилуваат или пак ослабуваат нашето доживување на вкусот. Имено, два фактори имаат најголем удел во тоа како го перципираме вкусот: јачината на тоновите и нивната фреквенција, при што јачината влијае на солениот и слаткиот вкус, додека фреквенцијата влијае на горчливиот, киселиот и т.н. „умами“ вкус, кој се третира како „петта“ категорија на вкус присутен во намирници со високо ниво на глутамат.

Па сакале ние да се согласиме или не, во присуство на гласна музика слатките и солените вкусови ги доживуваме со помал интензитет; музиката со висока фреквенција ги засилува слатките и киселите вкусови, а пак нискофреквентните тонови го зголемуваат влијанието на горчливиот и „умами“ вкусот.

Меѓутоа, не се само јачината и фреквенцијата на звукот оние што влијаат на нашата перцепција на вкусот. Голема улога игра и типот на музика што ја слушаме, при што таа има тенденција да се преслика на вкусот, особено кога станува збор за пијалаците. Така на пример, доколку слушаме моќна музика, и пијалакот ќе ни се чини појак и моќен, доколку музиката е нежна и префинета, и пијалакот ќе биде „послаб“ итн.

Во оваа насока, звукот и музиката на големо влијаат и на нашето доживување кон различни видови на пиво, и тоа не само на неговиот вкус, туку и на нивото на алкохол кое тоа го содржи. Последните истражувања сугерираат дека кога слушаме одредена музика додека пиеме пиво, таа директно влијае на тоа како го доживуваме неговиот вкус. На пример, доколку слушате музика со тонови со висока фреквенција додека пиете СКОПСКО, и сладоста на вкусот ќе ви се чини поголема. Спротивно на ова, доколку слушате длабока музика со силен бас, веројатно ќе добиете асоцијација дека вашето СКОПСКО е погорчливо и поалкохолно од вообичаено.

Овие тези се всушност и докажани во едно истражување објавено во „Вашингтон Пост“. Инспириран од споменатите истражувања кои покажуваат дека звукот е значаен дел од чувството за вкус, Фелипе Карваљо од Врије Универзитетот во Брисел сакал да истражи како одредени звуци комуницираат со пивата. Долги години работејќи како инженер на звук, тој креирал 3 различни звуци кои имале за цел да ја засилуваат перцепцијата на сладоста, горчливоста и киселоста на пивото. Собрал 340 случајни учесници – посетители во Музејот на музички инструменти во Брисел и еден куп гајби со три различни видови на пиво: светло пиво „light blonde“ со 4,5% алкохол, јако „tripel“ пиво со 8% алкохол и белгиски светол „pale ale“ со 6% на алкохол, инаку сите три со исклучително различен вкус.

Во истражувањето биле направени три експерименти, при што на секој учесник му било дадено да проба едно исто пиво два пати, меѓутоа под влијание на различна звучна стимулација во позадина. Притоа не им било кажано дека всушност го вкусуваат истото пиво, а нивна задача била да го оценат вкусот на пивото, како и нивото на алкохол кое го содржи. Она што е најинтересно е фактот дека повеќето учесници воопшто и не биле свесни дека пробуваат едно исто пиво двата пати по ред. Додека ги слушале „слатките“ звуци составени од тонови со висока фреквенција, пивото го дефинирале како слатко, додека пак кога слушале „горчлива“ музика составена од силен бас и ниски тонови, истото пиво не само што го дефинирале како погорчливо, туку и како поалкохолно.

И, што е крајниот резултат? Звукот дефинитивно може да го менува секој вкус, па така и вкусот на пивото и важно е да се потенцира дека големо влијание можат да имаат дури и препознатливите песни и тонови кои ги слушаме на радио или дома. Така, под влијание на музика во стилот на цртаните филмови на Волт Дизни или пак нежно пијано, нашето омилено СКОПСКО ќе има посладок вкус. Доколку слушаме дисхармонични високи тонови, како што е на пример електронската музика, ќе забележиме киселкава нота, а пак преку музиката со длабок бас, да речеме во стилот на Леонард Коен, нашето СКОПСКО ќе го доживееме погорчливо и појако во процентот на алкохол.

Всушност, „звукот“ на пивскиот вкус, или ако повеќе сакате – „пивскиот вкус“ на музиката, се дел од нашето мулти сензорно искуство кое го прави уживањето во чаша ладно пиво уште подобро. Често и не сме свесни, меѓутоа музиката на големо влијае на тоа како го доживуваме секој вкус и не случајно неурогастрономијата сугерира дека токму звукот е нашето „заборавено сетило за вкус“, колку и тоа да звучи нереално. Сеа веќе има и голем број причини да гледаме подалеку од јазикот и носот кога размислуваме на тоа каков вкус има нашето пиво.

Па така, доколку сте расположени за голтка лесно светло пиво, уживајте во вашето омилено СКОПСКО Smooth, а нежните ноти за Френк Синатра ќе ви дадат дополнителна сладост и освежување во овие сончеви денови. На здравје!

Полна чаша на Instagram