


ЕДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ПИВАРА СКОПЈЕ ВЕ ПОКАНУВА НА ОБУКАТА „ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ“
Едукативен Центар на Пивара Скопје



Доколку сте млади и сте во потрага по унапредување на нови вештини и знаења за како полесно да ги надминете пречките при вработувањето тогаш нашата обука е одлична можност за Вас. Обуката е целосно бесплатна и предност им се дава на оние кои потекнуваат од социјално ранливи категории.
Што ќе научам?
Преку конкретни чекори, интерактивни дискусии и преку размислувања во поглед на вештините за живот и вештините за водење бизнис, обуката „Вештини за успех” е создадена за да поттикне дополнителен напор за подобри резултати во барањето работа, отвореност за учење, нови искуства и страст во постигнување исклучителни резултати.
Модул 1
- Разбирање на себе, своите вредности и развојни можности
- Комуникација со други
- Активно слушање и давање повратни информации (фидбек)
- Вештини за пишување CV
Модул 2
- Поставување на цели и планови за нивно достигнување
- Финансиска писменост и водење проекти
- Продажни вештини и вештини за водење преговари
- Управување со време
Која е целта на оваа обука?
Преку овие два модула, целта на обуката е кај учесниците да се поттикне самодоверба, самопочит и воспоставување врски со релевантни ментори. Со оваа програма го охрабруваме вработувањето и претприемачката култура и ги мотивираме младите да ја земат иднината во свои раце.
Колку време трае обуката?
Обуката е со времетраење од две недели, два пати неделно (вторник и четврток), од 17:00 до 20:00 часот во просториите на Едукативниот Центар на Пивара Скопје.
Кој ја реализира наставата?
Наставата е реализирана од нашиот партнер Мотива Доо Скопје, која е високопрофесионална и компетентна компанија во областа на деловната едукација.
Како да се пријавам?
За повеќе информации и пријавување јавете се на: 02 3061 114, 02 3061 834 и 070 358 680, Едукативен центар на Пивара Скопје – Мотивa Доо Скопје.
Ве очекуваме заедно да го изодиме патот кон успехот!