ОГЛАС ЗА РАБОТА: РАКОВОДИТЕЛ НА ТИМ ВО КОНТАКТ-ЦЕНТАР

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи, но и можности за личен и кариерен развој.

 

Што е тоа што го бараме:

 Високо образование;
 3 години докажано работно искуство во раководење тим во контакт-центарот;
 Одличен однос кон клиенти и купувачи;
 Одлични вербални и писмени комуникациски вештини;
 Возачка дозвола Б категорија;
 Добро познавање англиски јазик.

Краток опис на основните одговорности:

Одговорен за управување со активности на контакт-центарот. Ова вклучува соработка со внатрешни и надворешни клиенти за да се обезбеди квалитет на услуга кон купувачите.

 Одговорен за организирање и координирање лица, процеси и задачи во контакт-центарот;
 Го следи создавањето нарачки и обезбедува ефективна комуникација со клиенти;
 Обезбедува непречена координација помеѓу членовите на тимот и теренските продажни тимови, со цел да се постигнат заедничките цели и услуги кон клиентите;
 Се грижи за развојот на вештини кај членовите на тимот, земајќи ги предвид нивните способности, перформанси и потенцијалот за развој;
 Поставува цели за членовите на тимот во согласност со целите на компанијата, со цел да се обезбеди одржлив развој;
 Анализира и подготвува неделни извештаи за отворени барања, месечни извештаи за резултати од внатрешните истражувања, број на остварени повици и друго.

Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Минимална основна бруто-плата за работното место изнесува 46.000,00 МКД. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на оваа апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Како да се аплицира:
Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:
 да пратат своја биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса: recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Раководител на тим во контакт-центар“ најдоцна до 13.6.2018 година.
Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Полна чаша на Instagram