ОГЛАС ЗА РАБОТА: МЕНАЏЕР НА КОРПОРАТИВНИ КОМУНИКАЦИИ

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки.

 

Што е тоа што го бараме:

  • Универзитетско образование;
  • Минимум 5 години искуство во полето на комуникациите;
  • Брзо воспоставување квалитетни релации врз основа на комуникациски вештини;
  • Силни вештини за пишување и составување извештаи и информациски текстови;
  • Организациски вештини и вештини за проектен менаџмент;
  • Вештини за координирање екстерни тимови;
  • Способност за согледување на пошироката перспектива на бизнисот и на заедницата на која ѝ припаѓаме;
  • Одлично познавање деловен англиски јазик;
  • Одлично познавање MS Office (Excel, Word, Power Point).

 

Краток опис на основните одговорности:

  • Менаџирање на корпоративните комуникациски процеси: подготовка на говори, интервјуа, известувања за медиумите и кризни состојби, како и тематски извештаи за менаџерскиот тим на компанијата.
  • Обезбедува високо ниво на перформанса при редовно следење и известување, остварување цели планирани според годишниот бизнис-план, се придржува до воведените комуникациски и деловно усогласени рутини и ги подобрува, ги забележува и алармира за можните ризици од конкуренцијата.
  • Развива стратегија за комуникација за справување со кризи, како и развивање стратегија за интерна комуникација.
  • Одржува и гради силни односи со медиумите, врзано за сите корпоративни прашања.
  • Воспоставува надворешни релации и ефективна комуникација со институции, организации и други компании согласно потребите на бизнисот.
  • Гради ефективни комуникациски врски со граѓанскиот сектор и предлага ефективна комуникација со локалните и државните власти.
  • Координира иницијативи со други оддели и, истовремено, претставува комуникациска поддршка на другите сектори.
  • Развива предлози, алатки и процеси што го подобруваат корпоративниот имиџ преку ефективни комуникации: корпоративни истражувања за реномето на компанијата во заедницата, алатки за внатрешна и надворешна комуникација, корпоративно издаваштво, корпоративни интеракции со надворешните засегнати страни.
  • Менаџира корпоративно одговорни проекти од комуникациски аспект. Ги промовира компаниските заложби за одржлив развој и оние на корпорациите „Coca-Cola HBC“ и „HEINEKEN“.

 

Оваа позиција ќе рапортира кај Менаџерот за Јавни работи и комуникации.

 

Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 8.00 до 16.00 часот.

Минималната основна бруто-плата за тоа работно место е 60.000 МКД. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 45 дена по истекот на рокот на пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати.

 

Како да се аплицира:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пратат своја кратка биографија (англиски и македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака за називот на позицијата „Менаџер на корпоративни комуникации“, најдоцна до 7.11.2017 година.

 

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

 

 

 

Полна чаша на Instagram