ОГЛАС ЗА РАБОТА: СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТАЛЕНТИ И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности за личен и кариерен развој.

 

Што е тоа што бараме:

  • Високо Образование (BSc) во областа на општествени и хуманитарни науки,
  • 5 + години докажано работно искуство како специјалист во полето на селекција на човечки ресурси (recruitment) и развој на човечки ресурси и развој на таленти,
  • Активно искуство во процесот на селекција на човечки ресурси (целосен циклус), користење на различни техники на интервја и методи за евалуација; Познавање на системи за аплицирање и регрутaција.
  • Познавање на социјалните медиуми, одржување на бази на податоци и професионална мрежа
  • Одлично вербални и писмени комуникациски вештини
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Добро познавање на англиски јазик

 

Краток опис на основните одговорности:

Го поддржува процесот на регрутација на нови вработени. Го поддржува процесот на развој на вработените и го помага процеост на креирање на планови за развој. Ги помага програмите за развој кои се спроведуваат во компанијата.

  • Ги координира менаџерите за вработување во идентификацијата на кадровските потреби и утврдување на  критериумите за избор на нови вработени.
  • Креира огласи за отворени работни позиции и ги следи до објавување на релевантите медиуми, предлага избор на канали и стратегија за подобар пристап;
  • Активна посветеност на потрага по потенцијални кандидати преку онлајн канали;
  • Планира и договара интервјуа и процедури за избор, вклучувајќи повици, проценки и разговор во кандидатите;
  • Го помага процесот на креирање на описи на работни места и прашања за интервју кои ги отсликуваат барањата на секоја позиција;
  • Посветен е на иницијативи за брендирање на работодавачот; Организирајте и посетувате саеми за вработување и настани за регрутирање;
  • Обезбедува анализа на трендови со цел да го подобри процесот на регрутирање.
  • Активно ги помага развојните програми во компанијата и надвор од неа доколку вработените се дел од истите.
  • Ги помага раководителите од различни сектори при процеост на креирање на индивидуални планови за развој на вработените.
  • Обезбедува навремени и точни извештаи во доменот на регрутмент и развој на вработените.

 

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Минимална основна бруто плата за работното место изнесува 46.000,00 МКД. Висината на основната бруто плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со испраќање на оваа Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидате задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да испратат свое CV (англиски и македонски јазик) на следната e-mail адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата, “Специјалист за таленти и развој на човечки ресурси ”  најдоцна до 15.01.2018 год.

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување, нема да бидат земени во предвид.

Полна чаша на Instagram