ОГЛАС ЗА РАБОТА: ТРЕЈД МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР НА КАНАЛ

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки.

Што бараме

  • Висока стручна подготовка ВСС.
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на маркетинг или најмалку 2 години искуство во индустријата на FMCG.
  • Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим.
  • Добри комуникациски и организациски вештини. Добри аналитички способности.
  • Способност за работа во кратки временски рокови и работа под притисок.
  • Одлично познавање деловен англиски јазик.
  • Одлично познавање MS Office (Excel, Word, Power Point).

 

Краток опис на основните одговорности

  • Развива детална годишна стратегија за соодветниот канал на продажба, вклучувајќи клучни познавања, цели и амбиции на каналот на продажба, фокус на брендови и пакувања, како и приоритети што се клучни за консументите и за купувачите.
  • Анализира релевантни податоци поврзани со каналот на продажба од интерни извори и од екстерни истражувања на пазарот за да развие разбирање за потенцијалот и за моменталниот перформанс во дадениот канал на продажба.
  • Дефинира, менаџира и координира бизнис-релации со креативните агенции за да развие ефективни и иновативни решенија.
  • Одговорен за целиот процес на нарачка на промотивни материјали и продажна опрема во согласност со Сликата на успех, активностите на каналот на продажба и промотивните активности.
  • Ги евалуира сите активации и трејд-промоции со цел оптимизација на сите идни активации.
  • Работи во корелација со тимот за брендот и тимот за продажба за развивање промотивни активности во дадениот канал на продажба.
  • Задолжен е за распределба и следење на буџетот и опремата за соодветниот канал на продажба.

Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Минималната основна бруто-плата за тоа работно место е 70.000 МКД. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на оваа Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Како да се аплицира:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака за називот на позицијата: „Трејд маркетинг менаџер на канал“ најдоцна до 31.10.2017 година.

 

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување, нема да бидат земени предвид.

Полна чаша на Instagram