Ние и заедницата

ОХРИДСКО ЛЕТО И ПИВАРА СКОПЈЕ, ПРИЈАТЕЛСТВО КОЕ СЕ НЕГУВА СО ДЕЦЕНИИ

Ние и заедницата

Во Охрид, градот низ кој поминува најголемата културна артерија во Македонија и кој најдобро ја претставува целата наша култура и духовно наследство, веќе 55 години се случува еден настан кој креативните умови и виртуози ги поврзува со љубителите на она што на нашето постоење му дава една повозвишена димензија. Охридско лето – фестивалот кој веќе одамна важи за епицентар на светската уметност.

Од 1961 година секое лето сокачињата на овој град пулсираат во симфоничен ритам, ветерот ги повторува пируетите на врвните балерини, а езерото шепоти реплики од неповторливи театарски изведби. Во тој период од годината Охрид не е само туристичка атракција, туку град во кој се испреплетуваат восхитувачки приказни. Тогаш публиката од сите возрасти добива несекојдневна можност за двојно уживање – уникатна уметност на сцена, но и уникатна архитектура секаде наоколу.

Манифестацијата се роди во ѕидините на црквата „Света Софија“ која стана некаков препознатлив белег на Охридско лето, чија совршена акустика им дава дополнителна вредноста на изведбите на многубројни врвни музички уметници. Со текот на годините фестивалската програма се прошири речиси низ целиот град, па сосема природно најде свое место и на импозантниот сценски простор на Античкиот театар, на кој секое фестивалско доживување е восхитувачка приказна сама за себе.

Како компанија која и самата раскажува уникатни приказни и е нераскинлив дел од македонската традиција и култура, Пивара Скопје веќе со децении e горд пријател на Охридско лето. Токму негувањето на вистинските културни вредности е заедничкиот двигател на овие два големи македонски бренда кој ги спои. Веќе со децении Охридско лето го препознаваме како домаќин на стотици звучни имиња од музичката и театарската сцена, а Пивара Скопје како верен пријател на сите оние кои ја почитуваат традицијата на својата земја, но и модерните светски трендови.

Затоа ова партнерство совршено ја отсликува конзистентноста на Пивара да го промовира она најдоброто, а овој фестивал, секако, е токму тоа. Докази за ова има безброј. Доволно е да се спомене фактот дека на сцените на Охридско лето настапиле реномирани уметници, како светски познатиот тенор Хозе Карерас, легендарната оперска пејчака Инва Мула, енергичниот индиски диригент Зубин Мехта, потоа и врвните пијанисти Андреј Коробејников, Николај Лугански и Иво Погорелиќ, но и ѕвездите на виолина Мидори, Максим Венгеров, Стефан Миленковиќ и уште многу други.

Пријателството меѓу Охридско лето и Пивара Скопје резултирало и со извонредни драмски остварувања на театри од највисок ранг, тргнувајќи од сите поранешни југословенски простори, па сè до познати и признати театарски ансамбли од Русија, Турција, Франција, САД, Холандија, Италија, Грција и др. земји. Овациите со кои публиката секогаш ги наградува изведбите на сцените во предворјето на Света Софија, Долни Сарај, Самуиловата тврдина, Св.Наум, Сараиште, Плаошник се најголемиот триумф на овие децениски партнери.

ОХРИДСКО ЛЕТО 2016

И денес Охридско лето сјае како и пред 55 години и со подеднакво голема магија знае да ги остави посетителите без зборови. Дури и во 2016, во оваа дигитална ера во која ретко некој знае и има време да застане, да ја почувствува и да ја впие вистинската убавина на културата и уметноста, околу 25 илјади луѓе доаѓаат на отворената сцена Долни Сарај и ги полнат гледалиштата. Минатата година  фестивалот заслужено се закити и со признание од Министерството за економија за придонес во развојот на туризмот во категоријата најдобра манифестација.

Во текот на четириесетте фестивалски денови, туристите и мештаните уживаат во секој атом уметност кој се шири низ градот. Во паузите помеѓу две точки од богатата програма, удобно сместени во некое од автентичните охридски ресторанчиња, си ги прераскажуваат импресиите додека го вкусуваат македонско гурманското богатство. Рибните специјалитети, скарата на жар, пицата и ѓомлезето имаат поинаков шмек кога се вкусуваат во град кој дише уметност. Но и во комбинација со пиво, светло или темно, со вкус на лимон или цреша, сеедно, само да е умерено и одговорно.

Но која би била смислата на градењето духовни вредности преку организирање културни манифестации доколку изостанува поддршката? А, од друга страна, пак, која би била вистинската вредност на бизнисот доколку не се промовира она највредното? Охридско лето и Пивара Скопје точно знаат кои се одговорите на овие прашања. Затоа своето пријателство го негуваат со децении.

Мислењата изразени во овој текст се на авторот и не секогаш ги претставуваат ставовите на Пивара Скопје.

Полна чаша на Instagram