ОХРИДСКО ЛЕТО – УСПЕШНА ПРИКАЗНА ВЕЌЕ 58 ГОДИНИ

Повеќе од 800 уметници од 27 држави од Европа и светот, славни имиња од светската музичка елита и врвни театарски креации, се дел од годинешното 58 издание на најреномираната музичко-сценска манифестација во земјата, Фестивалот „Охридско лето“.

На сцената на Охридско лето ќе се појават многубројни реномирани артисти, а отварањето на манифестацијата на 12ти јули и припадна на  романската оперска дива Елена Мошуц која во Античкиот театар настапи заедно со тенорот Калин Братеску и симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија, под диригентска палка на маестро Николае Молдовану.

– За нас најважно е да се гради брендот на институцијата, домаќинското работење и почитувањето на традицијата. Фестивалот „Охридско лето“ како дел од Европската фестивалска асоцијација продолжува со успешните приказни за да го задржи епитетот на високо реномиран европски фестивал, рече В.Д. диркеторката на „Охридско лето“ Сузана Вренцовска.

Пивара Скопје со децении наназад е традиционален партнер на оваа уникатна, несекојдневна и восхитувачка фестивалска приказна, оставајќи свој посебен белег на сцената каде твореле и изведувале најславните светски имиња на културата, музиката и теaтарот – изјави Ламбро Патче, менаџер за Односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.