НАСЛЕДСТВОТО КОЕ ГЕНЕРАЦИИТЕ ПРЕД МЕНЕ ГО ОСТАВИЛЕ ЗАД СКОПСКО БЕШЕ И СЀ УШТЕ Е ОСНОВНА СУПСТАНЦА ВО МОЈОТ КРЕАТИВЕН ПРИСТАП

Работам уште од тинејџерските денови. Како средношколец работев хонорарно на разни промоции, како дел од промо тимовите на маркетинг агенциите. Уште тогаш ја почуствував магијата на маркетингот и бев цврсто убеден дека еден ден токму маркетингот ќе биде моја животна професија- вели Оливер Велески, Сениор бренд менаџер за СКОПСКО во Пивара Скопје. По завршување на средното образование, неговиот избор бил Економскиот факултет во Скопје, отсек е-маркетинг каде студиите задолжитело биле редовни, а опција за вонредно студирање воопшто не постоела. Но немирниот младешки дух и желбата за работа биле поголеми, па Оливер одлучува да се запише како вонреден студент на Штуловиот Универзитет на студии по Јавна админитстрација и политички науки. По две лета волонтирање во маркетинг агенцијата Идеа Плус, третото и официјално станува дел од тимот, а од моментот кога се вработува во Пивара Скопје со дедицирана позиција за брендот СКОПСКО, вели “Сонот е остварен”…

 

  1. Кога и како се приклучи на тимот на Пивара Скопје? Кажи ни нешто повеќе за своите почетоци во кариерата..

Мојата приказна со Пивара Скопје започна многу порано од мојата кариера во Пивара Скопје. Уште како средношколец, одев на пракса во маркетинг агенцијата Идеа Плус чиј клиент беше Пивара Скопје, а веќе како студент, и официјално станав дел од тимот. Тогаш, на само 20 години, започна мојата авантура со СКОПСКО. На почетокот работев за други клиенти но СКОПСКО некако највеќе ми “лежеше”. Имаше некоја чудна магија и предизвик да се работи за бренд кој на македонскиот пазар опстојува со децении. Токму наследството кое генерациите пред мене го оставиле зад СКОПСКО како бренд беше и сѐ уште е основна супстанца во мојот креативен пристап кон СКОПСКО.

  1. Дали од секогаш се занимаваш со маркетинг и дали маркетингот беше твоја визија во која насока ќе се развива твојата кариера?

Работам уште од тинејџерските денови. Од делење флаери па сѐ до поставување на сцена за снимање на ТВ спотови… Уште тогаш ја почуствував магијата на маркетингот и бев цврсто убеден дека еден ден токму маркетингот ќе биде моја животна професија. Што се однесува до позицијата која денес ја имам во Пивара Скопје, гледано од оваа перспектива, не можело подобро да ми случи 😊. Како дете со воодушевување ги гледав рекламите на СКОПСКО, всушност тоа можеби беа и единствените реклами што, во тоа време, можеа да се видат на ТВ екраните и веројатно од таму се појави и мојата желба еден ден и јас да бидам дел од тимот кој стои зад тие реклами. Од моментот кога се вработив во Пивара Скопје со дедицирана позиција за брендот СКОПСКО, слободно можам да кажам дека “Сонот е остварен”

  1. Колку Пивара Скопје ти помогна да напредуваш и да ги оствариш своите професионални цели?

Кога се работи во компанија каква што е Пивара Скопје, а која припаѓа на две големи интернационални корпорации Coca-Cola HBC & HEINEKEN, професионалниот напредок е неизбежен елемент. Од првиот ден во Пивара Скопје, знаев дека мојот професионален развој е загарантиран. Постојана едукација, обуки, тренинзи… а кога на тоа ќе се додаде и огромната мрежа на надворешни соработници, вистински професионалци во својата област и непресушниот know-how и добри практики кои ги овозможува  корпоративниот систем на работење, по четири години поминати во Пивара Скопје, можам да кажам дека да се работи за оваа компанија е вистинска привилегија.

  1. Да се биде Сениор бренд менаџер за СКОПСКО веројатно подразбира да се живее со брендот за кој се работи. Дали ти ја чуствуваш таа релација, поврзаност со “твојот” бренд?

Моето секојдневие се промени откако почнав да работам на СКОПСКО. Практично, јас и кога не сум на работа, работам 😊. Сега секоја посета во маркет, пиво со пријателите, прошетка низ град е една пасивна опсервација на сѐ она што ме опкружува и како тоа може да се рефлектира на брендот. Гледано од таа перспектива веќе не станува збор само за поврзаност, тука за една многу посилна врска.

  1. Маркетинг индустријата е исклучително динамична, трендовите во маркетингот секојдневно се менуваат. Колку Пивара Скопје ги следи новите трендови во маркетингот?

Точно, станува збор за многу динамична индустрија и од голема важност е да се препознаат можностите за да се икористи потенцијалот што брендот го поседува. Но не се менуваат само трендовите во маркетингот, туку се менуваат и навиките на самите консументи, па оттаму и ние (маркетерите) како дел од целата оваа индустрија мора да најдеме начин како најдобро да го позиционираме брендот и воедно да бидеме во тек со она што е модерно. Во Пивара Скопје следиме сѐ, од навиките на нашите верни потрошувачи до она што се последните трендови на социјалните мрежи и на тој начин успеваме да го донесеме соодветниот производ до вистинскиот потрошувач.

  1. Колку за еден маркетер е важна соработката со останатите сектори во компанијата?

Би рекол клучна. Во Пивара Скопје сите проекти се работат тимски од самиот почеток до крај. Само тогаш и само така, успехот е загарантиран. Кога веќе зборуваме за секторите и соработката, морам да истакнам дека ја имам привилегијата да работам со најдобрите луѓе во и вон тимот, Пиварци -професионалци “по книга”, посветени на својата работа, луѓе кои се подготвени во секое време да го дадат својот максимум, за да го извадиме најдобриот производ во сѐ што работиме.

  1. Што за тебе значи добар маркетиншки производ? Можеш ли да издвоиш некој од многуте успешни маркетинг проекти на Пивара Скопје на кои се посебно горд?

Горд сум на сите проекти на Пивара Скопје, сите бренд кампањи кои ги работиме, независно дали е тоа за СКОПСКО или некој друг бренд од нашето портфолио. Ако веќе морам да издвојам нешто, а притоа тоа да биде нешто за СКОПСКО, без двоумење би ги издвоил: СКОПСКО Smooth, СКОПСКО Темно, СКОПСКО Радлер, музичката платформа СКОПСКО Звучи Супер… Можам да кажам дека сум горд на сите СКОПСКО проекти, некои помали, некои поголеми но, во суштина сите се сработени со истата посветеност и љубов.

  1. Што стои зад идејата за последните реклами за СКОПСКО?

Во потрага по она што е автентично и карактеристично за нас како Македонци разговаравме со многу луѓе, поминавме часови со разни фокус групи дискутирајќи на разни теми од нашето секојдневие со цел да дојдеме до една вистинска и автентична приказна која само СКОПСКО може да ја раскаже… Така ги споивме традицијата, вистинските вредности на народот, начинот на кој функционираме, моментите на кои се радуваме и причините за кои ги креваме чашите горе.

  1. Кој лик го сметаш за инспиративен во твојата професија?

Како многу млад имав можност да работам и да учам од еден од основоположниците на маркетингот во Македонија – Иво Лауренчиќ. И денес го сметам за свој учител, исклучителен креативец и човек кој во проблемите гледаше предизвик, а секој проблем го преточуваше во креативно решение.

  1. Имаш ли доволно време за себе? Што е тоа што те исполнува и ти ги “полни батериите” надвор од работата?

Секоја работа и позиција носи своја одговорност и, до одредена мера, откажувања. По напорниот ден, не сум секогаш во “mood’ да излезам, но гледам, како и секој млад човек, да го користам секој слободен момент за добра дружба со пријателите. Ги сакам зимата и зимските спортови, едвај чекам да почне сезоната на скијање, во мојот случај, бордање. Тука нема компромис 😊, барем една недела, морам да отпатувам некаде на планина и да бордам.  Повремено фотографирам, тоа ме релаксира исто како и добра музика, добра книга. Листата е долга…

Полна чаша на Instagram