УСПЕШНИТЕ ЖЕНИ ВО ПИВАРА СКОПЈЕ СЕ ДОКАЗ ДЕКА НИЕ ЖЕНИТЕ ВО НИШТО НЕ ЗАОСТАНУВАМЕ НА ДЕЛОВЕН ПЛАН ЗАД ПРИПАДНИЦИТЕ НА СПРОТИВНИОТ ПОЛ – ОЉА ГИГОВА – ТИМ ЛИДЕР НА ФАКТУРНО ОДДЕЛЕНИЕ

Со оглед на фактот дека рано започнав да работам, јас практично растев и созревав како личност во оваа компанија која ја чуствувам како втор дом, а моите колеги Пиварци како второ семејство”- вели Оља Гигова, Тим лидер на фактурно одделение при Секторот Финансии во Пивара Скопје. Со високо образование од Факултетот за информатички технологии на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, пред 27 години Оља ја започнува својата кариера во Пивара Скопје во која, како што вели, од самиот почеток препознава компанија со огромен потенцијал за усовршување и напредок. Сопруга и горда мајка на својот син студент, нескротливата желба за патување постојано ја носи на нови дестинации, а кога не патува, слободното време го поминува во прошетки во природа со семејството или пријателите и во Здружението за култура на живеењето “Др. Олга Ѓорѓевиќ”, кое ја претставува македонската историја, традиција, фолклор и култура и организира хуманитарни акции за помош на општествено ранливите категории.

 

1.Кариерата ја започна во Пивара Скопје. Се сеќаваш ли на твоите почетоци во компанијата?

И денес со радост се сеќавам на далечната 1991 година, кога сѐ уште бев на почетокот на мојата кариера, без претходно работно искуство. Горда сум што од самиот почеток кариерата ми е поврзана со Пивара Скопје. Пред точно 27 години имав среќа да станам дел од семејството на Пивара Скопје, каде што останав до денес затоа што во компанијата препознав огромен потенцијал за усовршување и напредок, што се потврди како вистина.

 

2.Колку Пивара Скопје ти помогна да напредуваш и да ги оствариш своите професионални цели?

Пивара Скопје многу ми помогна целосно да се реализирам на професионален план, а тоа сите овие години се рефлектира позитивно и врз останатите сфери од мојот живот. Со оглед на фактот дека рано започнав да работам, јас практично растев и созревав како личност во оваа компанија која ја чуствувам како втор дом, а моите колеги Пиварци како второ семејство.

 

3.Што опфаќа твојата работна позиција?

Мојата позиција во Пивара Скопје е Тим лидер на фактурно одделение во состав на Секторот Финансии. Јас сум задолжена за контрола, навремен и точен процес на отчитување на рути, фактурирање и книжење. Ја организирам и координирам работата на тимот и се грижам секој член на тимот да биде соодветно обучен и насочен кон извршувањето на работните обврски.

 

4.Кои се клучните вредности и вештини што секојдневно ги применуваш со цел да бидеш успешна во работата?

Сметам  дека човекот треба да учи во текот на целиот живот, без оглед на годините и искуството кое го има. Како што вели онаа народната: “Човек учи додека е жив”. Учам секојдневно, а тоа го сметам како неопходен предуслов за успех во секоја работа. Секако, мора да се спомене дека за тоа е заслужна Пивара Скопје и ситемите Coca-Cola HBC & HEINEKEN на кои припаѓаме, а во кои учењето и континуираната професионална надградба на вработените се стратешка определба. Многу вложувам и во развивање и одржување на тимскиот дух во средината каде што работам. Ако колегите во тимот ви се задоволни, успехот во работата е загарантиран. Кон работата пристапувам со позитивен став и верувам дека со тоа придонесувам Пивара Скопје секогаш да има верни и задоволни потрошувачи.

 

5.Кои се твоите најголеми достигнувања во кариерата, нешто што те прави особено горда?

Јас сум многу задоволна од мојата долгогодишна кариера во Пивара Скопје, но ако веќе треба да издвојам некој посебен успех, би кажала, мојот ангажман во проектот за имплементација на САП (SAP -Systems, Applications and Products) софтвер и стандард за корпоративно работење кој Пивара Скопје го имплементираше меѓу првите компании во Македонија. Тоа беше долг и сложен процес, кој покажа дека кога се работи систематизирано и тимски, ништо не е невозможно.

 

6.Според тебе, колку се изменети работите на полето на родовата еднаквост и улогата на жените во современото општество?

Ние жените навистина сме способни да функционираме успешно на повеќе полиња одеднаш. Денес сме сведоци на посебно успешни жени во тимот на Пивара Скопје, а и генерално во бизнис светот, кои со својата кариера покажуваат и докажуваат дека жените во ништо не заостануваат на деловен план зад припадниците на спротивниот пол.

 

7.Која е твојата најголема поддршка во животот?

Моето семејство, секако. Без него не би можела да ги постигнам сите мои успеси, ниту на приватен, ниту на професионален план.

 

8.Како жена која има успешна кариера, како правиш баланс помеѓу работата и семејството?

Како што веќе споменав, ние жените можеме да функционираме успешно паралелно и на приватен и на професионален план. Благодарение на поддршката која ја добивам од семејството, успевам да градам кариера и порфесионално целосно да се остварам како личност. Тие имаат целосно разбирање за повремените подолги отсуства од дома, но истовременот знаат дека тоа секогаш го надокнадувам со квалитенто време поминато со нив.

 

9.Дали имаш некое хоби, нешто те релаксира по работниот ден?

Ме релаксираат прошетките во природата, кои редовно ги правам со моето семејство или со пријателите. Многу сакам да патувам, да истражувам и да запознавам нови места, луѓе и обичаи, па слободно би можела да кажам дека патувањата ми се хоби. Исто така, активен повеќегодишен член сум на Здружението за култура на живеењето “Др. Олга Ѓорѓевиќ”, преку кое што достојно ја претставуваме македонската историја, традиција, фолклор и култура. Дополнително, организираме и хуманитарни акции за помош на социјално ранливи категории, деца, стари лица и сл, а соработуваме и со слични здруженија од регионот на проекти од заеднички интерес.

 

10.Имаш ли животно мото?

Радувај му се на секој ден од животот и живеј го животот со полна пареа 😊

Полна чаша на Instagram