Животна средина

ПАКОМАК ЈА ШИРИ МРЕЖАТА НА ГРАДОВИ ШТО СЕЛЕКТИРААТ СТАКЛО

Животна средина

Угостителскиот сектор (HORECA) во Струмица, Прилеп и во Кичево ќе селектира стаклена амбалажа, а во овие градови веќе се поставени и зелени контејнери како игло во кои и граѓаните можат да го фрлаат стаклото. Компанијата Пакомак постојано го проширува кругот на градови во кои стаклената амбалажа се одвојува од другиот отпад. Угостителскиот сектор веќе селектира стакло во 12 градови, во Скопје, Куманово, Велес, Штип, Охрид, Струга, Вевчани, Кавадарци, Битола, Тетово, Гевгелија и во мавровскиот крај. Од 2014 година Пакомак инвестираше 2,5 милиони денари за набавка на канти од 120 литри во кои угостителите селектираат стакло. Целта на инвестициите, според Игор Макалоски од Пакомак е искористување на стаклото како суровина, бидејќи може да се рециклира неограничен број пати, како и постигнување на националните цели.

– „Законот за управување отпад и отпад од пакување предвидува до 2020 година да се селектира 40 отсто од пријавената стаклена амбалажа. Во Македонија се пријавуваат приближно 10.000 тони секоја година, што значи дека националните цели за 2020 година се поставени на 4.000 тони стаклена амбалажа“, вели Макалоски. Објаснува дека Пакомак очекува годинава да се селектираат 2.700 тони стакло, а процените за в година, поткрепени со континуираните инвестициски процеси на компанијата во соодветна опрема и инфраструктура, се движат меѓу 3.600 и 3.800 тони стакло што би се селектирало во 2019 година.

– „Заложбите ни се да ги оствариме националните цели за 2020 година, но, исто така, и да создадеме соодветен капацитет на мрежата преку постојани инвестиции и проширување за овие количини сѐ повеќе да растат“, вели Макалоски.

Пакомак годинава набави и 390 контејнери како игло, кои се поставуваат на јавни површини, а инвестицијата е 7,4 милиони денари. Во Скопје има 175 контејнери како игло, во Битола 60, во Кавадарци, Прилеп и во Охрид има по 45, во Струмица 40, во Струга, Штип и во Велес по 35, во Куманово 30, во Гевгелија 20, во Илинден, Кичево и во Неготино по десет, во Ресен осум, во Свети Николе, Дојран, Крушево и во Валандово по пет и во Арачиново, Студеничани и во Зелениково по два контејнера како игло.

 

Најмногу стакло селектирале скопјани

Најмногу стаклена амбалажа во контејнерите како игло до крајот на октомври годинава селектирале жителите на главниот град, 170 тони. Веднаш зад нив се струмичани со 41 тон, па прилепчани, кои одвоиле 40 тони стакло од другиот отпад. На четврто место се охриѓани со 26 тони. Петти се битолчани со 23 тони, но во овој град стакло се селектира само шест месеци.

 

Угостителскиот сектор селектира стакло во 12 градови

Угостителскиот сектор веќе селектира стакло во 12 градови, во Скопје, Куманово, Велес, Штип, Охрид, Струга, Вевчани, Кавадарци, Битола, Тетово, Гевгелија и во мавровскиот крај, а сега се проширува и во Струмица, Прилеп и во Кичево..

 

Ресторанот „Скопски мерак“, шампион во селекција на стакло

Ресторанот „Скопски мерак“ од Скопје е шампион во селекција на стаклената амбалажа. Овој угостителски објект во првите десет месеци од минатата година предал 22,3 тони стакло, повеќе од некои градови низ земјава. Веднаш зад него е кафулето „Куба Либре“од Охрид со 8,6 тони стакло во истиот период, а на трето место е познатата кумановска кафеана „Баба Цана“ со седум тони стаклена амбалажа. Високо на листата се и ресторанот „Романтик“ на Велешко Езеро со 4,8 тони и ресторанот„Панорама“во Вруток со 3,4 тони.

„Пакомак“ лани набави 390 контејнери како игло, кои се поставуваат на јавни површини, а инвестицијата е 7,4 милиони денари.

Полна чаша на Instagram