Ние и заедницата

ПАКОМАК СО НОВИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА СТАКЛО ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ НИЗ МАКЕДОНИЈА

Ние и заедницата

Пакомак продолжува да ја шири својата мисија за почиста животна средина во нашата држава-овој пат акцентот го ставаме на селекцијата на стаклениот отпад.

Но оваа мисија не можеме да ја водиме сами. Секој граѓанин што чувствува љубов кон својот град, во своите раце ја држи одлуката за почиста иднина. А Пакомак ваквата одлука отсега ја опремува со инвестиција од нови зелени контејнери за селекција на стаклениот отпад во повеќе градови низ Македонија.

Зелените контејнери за селекција на стакло се поставени во Скопје, Прилеп, Охрид, Струга, Струмица, Штип, и во Велес. Ги повикуваме сите жители на овие градови да се приклучат на екомисијата на Пакомак и да ги пронајдат и користат контејнерите во својот град.

А акциите за собирање стакло на Пакомак веќе се во тек. Досега вакви акции за собирање на стаклениот отпад од домовите беа спроведени во Охрид, Прилеп, и во Скопје во населбите Козле, Тафталиџе, и во Аеродром, а резултатот е повеќе од 90.000 собрани шишиња, тегли, и друг, стаклен амбалажен отпад.

Заедно, да ја селектираме иднината!

Полна чаша на Instagram