Ние и заедницата

УСПЕХОТ Е РЕЗУЛТАТ НА СИЛНИТЕ ПАРТНЕРСТВА И СТРАТЕШКИОТ ПРИСТАП ПРИ ВЛОЖУВАЊАТА ВО ЗАЕДНИЦАТА

Ние и заедницата

Вистинскиот успех е возможен и целосен доколку го споделиме со заедницата на која и припаѓаме. Оваа навидум едноставна реченица е една од суштинските одредници и вредности на кои се темели корпоративната култура на Пивара Скопје. Истовремено таа претсавува движечка сила за вклучување и волонтерски ангажман на сите нас – вработените во Пивара Скопје, при реализација на бројните општествено одговорни активности и долгорочни проекти на компанијата.

Во креирањето и имплементација на активностите и платформите за корпоративна  општестевна одговорност, Пивара Скопје има добро осмислен, долгорочен и стратешки пристап. Во тој процес се раководиме од определба да ги насочиме нашите напори, средства и енергија во области кои имаат навистина големо значење за квалитетот на животот на целата заедница. Притоа, се трудиме и вложуваме во создавањето силни партнерства со институциите на државно и локално ниво, научните и образовните установи и секако организациите од граѓанскиот сектор. Соработката со нив нѝ овозможува подобро да ги осознаеме потребите на самата заедница, а потоа и да креираме и имплеменираме соодветни активности. Се разбира, во ова од голема полза нѝ се искуствата и поддршката што ја имаме од системите на Coca-Cola HBC и HEINEKEN каде припаѓа нашата компанија.

Нашето делување во сегментот на општествената одговорност има навистина широк дијапазон, почнувајќи од реализацијата на голем број донации, спонзорства и долгорочна поддршка на различни културни и спортски манифестации, па сѐ до обезбедување на неопходната помош на луѓето на кои им е најмногу потребна, особено при справување со несреќи и елементарни непогоди. Истовремено, сакам да нагласам дека ги насочуваме нашите напори во реализацијата на голем број општествено одговорни платформи во области како што се: едукацијата и развојот на младите, јакнењето на свесноста за обезбедување чиста животна средина и заштита на водните ресурси, за здравјето, безбедноста и значењето на активниот животен стил, за умерената и одговорна консумација на алкохол, како и за јакнењето на улогата на жената во општеството.

Горди сме и среќни што со нашата работа како компанија, но и како волонтери, досега постигнавме забележителни резултати во сите овие области. Една од нив, во која сме особено активни е едукацијата и поддршката на развојот на младите. За таа цел веќе две децении во состав на нашата компанија функционира Едукативен центар, кој е еден од најреномираните центри за обука и стекнување дополнително знаење и вештини во земјата. Низ годините, членови на менаџментот и вработени во Пивара Скопје, како и претставници на нашите партнери и соработници, им го пренесуваат своето професионално знаење и искуство на илјадници млади луѓе. Во 2016 година во Едукативниот центар започнавме и нова програма наречена „Вештини за успех“ која се состои од бесплатни обуки за младите невработени луѓе, особено од општествено ранливите категории. Преку оваа програма сакаме да ги мотивираме и охрабриме младите да ја земат идината во свои раце, со тоа што ќе им овозможиме да стекнат вештини кои ќе им помогнат полесно да се вработат или да почнат сопствен бизнис. На ваков начин отвораме нови перспективи за младите, придонесуваме за зголемување на вработувањето и за натамошен развој на претприемничката култура во земјата. Очекуваме дека во првите пет години од реализацијата на оваа програма, бројката на млади луѓе кои ќе стекнат нови вештини преку обуките ќе надмине 5400 лица.

Друга област на која сме фокусирни секако е и заштитата на животната средина и водните ресурси. Заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC групацијата, четири години по ред нашата компанија го освојува првото место во светската индустрија за пијалаци, според остварените резултати и заложбите за одржливост и заштитата на животната средина, во рангирањето што го спроведува The Dow Jones Sustainability Indices. Се работи за огромен успех кој не е случаен. Тој е резултат на безброј конкретни активности и инвестиции во зголемување на топлинската ефикасност и заштедата на енергија, во рециклирање и заштеда на водата која се користи во процесот на производството, за што изградивме и најсовремена пречистителна станица за био-третман на води, како и редукција на тежината на пластичната (ПЕТ) амбалажа, со што значително го намаливме нашето влијание врз животната средина. Покрај ваквите инвестиции во самиот производствен процес, вложуваме и во едукацијата и развојот на јавната свест за потребата од селекција и рециклирање на отпадот. Заедно со нашите партнери – компанијата „Пакомак“, организираме волонтерски еко-акции во кои учествуваат голем број наши вработени, членовите на менаџерскиот тим, како и голем број наши пријатели со кои ги делиме истите вредности, меѓу кои се и Амбасадорите и персоналот на дипломатските претставништва во земјава. Досега, огранизравме вакви еко-акции за чистење на кејот на реката Вардар во центрот на Скопје и на езерото Матка, со што испративме порака до целата заедница за тоа како сите треба да се однесуваме кон животната средина, особено кон водните ресурси, а истовремено придонесовме и за постигнување на националните цели и таргети за собирање и рециклирање на амбалажниот отпад во земјата. Дополнително, во рамки на оваа платформа која се одвива под мотото „Дали рециклирате!?“, заедно со нашите партнери, се вклучивме и во реализацијата на едукативен караван наменет за деца од прво до петто одделение. Целта на овој проект, кој се реализира преку иновативна театарска претстава „Зелена планета“, која за неколку месеци ја посетија околу 10.000 деца во десет градови, е преку забава да ги мотивираме новите генерации одговорно да се однесуваат кон животната средина и со тоа да придонесат кон создавање одржлива иднина за сите.

Бидејќи се уверивме дека спојот од едукација и забава најдобро функционира, особено кај најмладите, решивме во соработка со општините да спроведеме и една програма преку која ќе ги едуцираме децата во основните училишта за здравите навики и вистинскиот однос кон правилата кои обезбедуваат безбедни и здрави школски денови. Па така, во изминатите четири години, голем број волонтери од Пивара Скопје, на над 18.500 ученици во 16 општини и градови ширум земјата, на интересен и сликовит начин им го пренесоа своето знаење за тоа како правилно да го држат телото додека седат во училишно столче или додека работат пред компјутер, како правилно да го носат училишниот ранец, како да спречат повреди предизвикани од лизгање, сопнување или паѓање и како да се однесуваат во случај на пожар во училиштето. Охрабрени од досегашниот голем интерес кај децата, решивме оваа едукативна програма да ја продолжиме и оваа година. Дополнително, за да го промовираме активниот животен стил како ефикасен рецепт за здрав живот, повторно во соработка со локалните институции, изградивме и „Coca-Cola активни зони“ во 10 општини во земјава и ги опремивме со современа фитнес-опрема за вежби на отворено. Исто така изградивме и отворени паркиралишта за велосипеди од што директна придобивка имаат над 55.000 граѓани, со што, заедно со нашите партнери, испративме јасна порака во јавноста за полезноста од употребата на велосипедот како енергетски ефикасно превозно средство со кое се штити животната средина и здравјето на луѓето.

Истовремено, со сите овие активности си поставивме и долгорочна обврска да ја шириме културата на одговорна консумација, тргнувајќи од тоа дека како најголем производител на пиво во земјата и пазарен лидер имаме и најголема обврска да ја едуцираме јавноста за сите аспекти поврзани со оваа тема која има големо општествено значење  При тоа, во ширењето на пораките за умеренетата и одговорна комсумација, покрај сите вработени во компанијата, соработници и партнери, вклучивме и голем број јавни личности, како што на пример се врвните спортисти кои благодарение на своите успеси и начин на живот, служат како пример за останатите луѓе, особено за младите. Во таа функција ги ставивме на располагање и сите комуникациски канали што ги има компанијата, вклучувајчќи ја и интернет платформата „Полна чаша“ на која, меѓу останатото редовно се поставуваат и содржини за одговорна консумација, за активниот начин на живот, за заштитата на животната средина и водните ресурси, здравјето и безбедноста и други општествно значајни теми.

Сите овие, но и многу други општествено одговорни платформи и активности, покажуваат дека на одржливиот развој на компанијата, од што јасна придобивка ќе има и заедницата, му приоѓаме плански и стратешки. Во тој процес настојуваме да вклучиме голем број партнерски организации, институции и поединци, а секако и сите наши вработени и соработници, промовирајќи го волонтаризмот. Како дел од тимот на Пивара Скопје што учествува во реализацијата на сите овие активности, можам слободно да кажам дека, сите ние во компанија сме задоволни од она што досега го постигнавме. Остварените резултати покажуваат дека од нашите залагања и вложувања на компанијата, заедницата има јасни придобивки. Верувам дека зборувам во името на сите мои колеги кога велам дека досегашните резултати нѝ влеваат дополнителна енергија кај сите нас, но претставуваат и мотив за останатите компании да го следат примерот на Пивара Скопје, која несомнено веќе 94 години е репер за силна инеграција и партнерство со заедницата.

Полна чаша на Instagram