Студентско катче

ЕДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ПИВАРА СКОПЈЕ ВЕ ПОКАНУВА НА ПЕТТАТА ОБУКА „ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ“

Студентско катче

Што ќе научам?

Преку конкретни чекори, интерактивни дискусии и преку размислувања во поглед на вештините за живот и вештините за водење бизнис, обуката „Вештини за успех” е создадена за да поттикне дополнителен напор за подобри резултати во барањето работа, отвореност за учење, нови искуства и страст во постигнување исклучителни резултати.

Животни вештини (јас и другите)                                    

  • Модул 1 – Разбирање и развој на себе
  • Модул 2 – Интеракција и вмрежување со другите
  • Модул 3 – Фидбек
  • Модул 4 – Себе претставување

Бизнис вештини (јас и работата)

  • Модул 1 – Управување со проекти
  • Модул 2 – Управување со време
  • Модул 3 – Деловно планирање
  • Модул 4 – Преговарање
  • Модул 5 – Финансиска писменост
  • Модул 6 – Продажни вештини

Која е целта на оваа обука?

Целта на обуката е кај учесниците да се поттикне самодоверба, самопочит и воспоставување врски со релевантни ментори. Со оваа програма го охрабруваме вработувањето и претприемачката култура и ги мотивираме младите да ја земат иднината во свои раце.

Колку време трае обуката?

Обуката е со времетраење од 4 дена и ќе започне на 10.07.2017 од 17 до 20 часот., во просториите на Едукативниот Центар на Пивара Скопје.

Кој ја реализира наставата?

Наставата е реализирана од нашиот партнер Мотива Доо Скопје, која е високопрофесионална и компетентна компанија во областа на деловната едукација.

Како да се пријавам?

За повеќе информации и пријавување јавете се на: 02 3061 114, 02 3061 834 и 070 358 680, Едукативен центар на Пивара Скопје – Мотивa Доо Скопје.

До кога треба да се пријавам?

Рокот за пријавување е 07.07.2017.

Ве очекуваме заедно да го изодиме патот до успехот!

 

Полна чаша на Instagram