Ние и заедницата

ПИВАРА СКОПЈЕ И ГАЛИЧКА СВАДБА – НЕРАСКИНЛИВА ВРСКА НА ДВЕ АВТЕНТИЧНИ ПРИКАЗНИ

Ние и заедницата

И годинава, Пивара Скопје и нејзините брендoви се нераскинлив дел од „Галичка свадба“ – еден од најавтентичните културни настани во земјава и пошироко. За да може оваа уникатна традиција да продолжи, Пивара Скопје ја обезбеди неопходната поддршка и со тоа го потврди своето партнерство како гаранција за успешно одржување на оваа значајна културна манифестација и на нејзината единственост и неповторливост.

Пред заминување кон живописниот Галичник, каде викендов по 43-ти пат се одржува една од највеличенствените македонски фолклорни манифестации, вработените и менаџментот на Пивара Скопје ги испратија годинешните галички младоженци – Сандра Станковиќ и Александар Ристески, посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет.

При посетата на Пивара Скопје, специјалните гости се запознаа со почетоците, развојот, стандардите и квалитетите на уште една автентична приказна која трае скоро еден век. Тоа е приказната за компанијата и нејзините брендови кои се длабоко вградени во сите моменети од нашите животи, кои се неизбежен дел од сите наши прослави, забави со пријателите и моментите на уживање. „Од прва рака“ новите галички младоженци се запознаа со процесот и традицијата на производство на пиво и безалкохони пијалаци во Пивара Скопје. Менаџерот за производство на пиво и еден од најискусните пивски мајстори во регионот – Кирчо Стојанов, „на лице место“ им ја откри постапката и уметноста на производство на најстариот природен пијалак на светот, а менаџерот за производство на безалкохолни пијалаци – Горан Стојковски им ја откри „тајната“ за тоа како Пивара Скопје успева да ја произведе најдобрата Coca-Cola во светот.

„Традицијата е мост меѓу минатото, сегашноста и идината и затоа мора да ја негуваме и поддржуваме. Среќни сме и особено горди што ние и нашата компанија сме дел од оваа автентична манифестација која плени со својата вредност, убавина и оргиналност. На ваков начин и ние се поврзуваме и идентификуваме со нејзините трајни вредности“, рече генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ, кој ги запозна специјалните гости со визијата на Пивара Скопје за натамошен успех на пазарот, корпоративната култура и вредностите на нејзините вработени, како и со инвестициите во одржлив развој и во проекти кои се особено значајни за заедницата.

Во оваа прилика, годинешните галички младоженци се закитија со уникатни обележја „Амбасадор на Пивара Скопје“, како уште еден симболичен детаљ по кој тие ќе ги паметат деновите кога станале дел од уникатната македонска традиција.

И оваа година најпознатата македонска свадба што се одржува во неповторливиот амбиент на селото Галичник се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и странство, кои одново ќе имаат можност да бидат сведоци на над 30-те оригинални свадбени обичаи, проследени со традиционални народни носии, песни и ора кои пленат со својата автентичност, убавина и културно наследство.

Пивара Скопје им препорачува на сите посетители на Галичка свадба да возат безбедно, да не возат доколку пијат и да консумираат одговорно.

Полна чаша на Instagram