Активен живот

ПИВАРА СКОПЈЕ СО ПОДДРШКА ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК 

Активен живот

За почеток, еден мал предизвик за сите. Одвојте неколку минути и пребарајте ја на интернет листата на „петте најпопуларни спортови во светот по бројот на нивните фанови”. Можете да најдете голем број вакви ранг-листи на интернет, но сите тие помалку или повеќе имаат нешто заедничко. Ова е редоследот по популарност кој е усогласен на повеќето од листите: 1) фудбал, 2) крикет 3) хокеј на трева 4) тенис и 5) одбојка.  Да, верувам дека е огромно изненадување и за Вас, одбојка пред кошарка, хокеј и американски фудбал. Сега, спортски навивачи, може да дебатирате за многу нешта.

Приказната конкретно за одбојка на плажа почнува во 1920 година на песочните плажи во Калифорнија, првенствено со желба за забава. Подоцна популарноста на овој спорт расте од година на година, сè до 1996 година кога и официјално станува дел од летните олимписките игри кои се одржаа во Атланта, родниот град на The Coca-Cola Company.

Кога зборуваме за меѓусебно надополнување за постигнување заеднички цели, одбојката на плажа е, дефинитивно, школски пример за спорт кој го гради тимскиот дух. Станува збор за спорт кој се игра со двајца играчи во еден тим. Според правилата, тие постојано мора да бидат во игра и не можат да бидат предмет на замена, што значително влијае врз развојот на нивните вештини активно да придонесуваат и да антиципираат во играта многу повеќе од традиционалната одбојка која се игра во сала со 6 играчи. Спротивно на тоа, овде играта е, популарно кажано, „два на два“. И, да, нема повеќе криење по теренот. Вие сте дел од секој сервис, секој блок, секој поен. Овде мора да го покриете целиот терен. Ќе се согласите, тоа е добро раздвижување.

Поголемиот дел од тренерите на одбојка на плажа се согласуваат со една работа, дека на играчите кои се изложени на надворешните временски услови – интензивна топлина, ветер, врелиот песок – значително им се подобрува физичката способност во споредба со играчите што играат во сала. И, на крај, станува збор за забавен и доста активен спорт.

Промовирањето на физичката активност е дел од програмата на амбасадорите на Пивара Скопје за создавање здрави животни навики. Редовните спортски активности претставуваат одличен метод за одржување на соодветниот енергетски баланс. Денес многу луѓе се неактивни и наша цел е да ги промовираме физичката активност и спортот.

На 1 септември 2016 година на двете игралишта за одбојка на песок при градската плажа „Парк“ официјално стартуваа седмиот меѓународен турнир во одбојка на песок и Првиот европски сателит-турнир “Satelite Skopje 2016”. Покрај од Македонија (две двојки), годинава на скопскиот сателит турнир ќе има и натпреварувачки двојки од други 15 земји. Натпреварите ќе се играат претпладне од 9 часот и попладне по 17:30 часот. Турнирот е организиран од Град Скопје и Одбојкарската Федерација на Македонија, а свој придонес имаше и Пивара Скопје, која во рамките на платформата за водење здрави навики и активен живот, обезбеди финансиска помош и пијалаци за овој турнир.

Горди сме што во организацијата на турнирот во својство на делегат директно учество имаше и еден наш пиварец, Симон Џинес – член на продажниот тим во Струмица, кој со својот ангажман во слободното време надвор од работното место дава значаен придонес во заедницата во која дејствуваме.

Од денешна перспектива, можеме да кажеме дека овој турнир е пример за одлично партнерство и соработка помеѓу бизнис-секторот, Градот Скопје, Одбојкарската федерација и Агенцијата за млади и спорт за промовирање на физичката активност, тимскиот дух, ферплеј, забава и многу дружење.

Традицијата во поддршката на спортот е од големо значење за Пивара Скопје бидејќи ја покажува нашата искрена намера и постојана посветеност на градењето на вистинските вредности во заедницата на која ѝ припаѓаме. Нашата поддршка продолжува и наредната година.

Се гледаме сите на врелиот песок!

Полна чаша на Instagram