Политика за приватност и колачиња

Вовед

Со оваа веб страница www.polnacasa.mk раководи Пивара Скопје, дел од Групацијата Coca – Cola Hellenic и HEINEKEN N.V., со седиште во Скопје, Република Македонија, на ул. 808 бр.12, Скопје 1000.

Сите упатувања до ‘нашите, ‘нас’, ‘ние’, или ‘компанијата’ во рамките на оваа политика и во рамките на известувањето за избор, се сметаат дека се однесуваат на Пивара Скопје, како што е соодветно.

Пивара Скопје е посветена на заштита на приватноста на сите посетители на www.polnacasa.mk  и заштита на сите лични податоци кои можете да ги доставите до нас.

Ова Известување за приватност и колачиња има за цел да Ви помогне да разберете како постапуваме со личните податоци кои ги добиваме од Вас. Со тоа што обезбедувате лични податоци до нас, Вие го потврдувате Вашето прифаќање на нашето Известување за приватност и колачиња и се согласувате дека ние можеме да ги собираме, користиме и откриваме Вашите лични податоци како што е опишано во ова Известување за приватност и колачиња. Доколку не се согласувате со ова Известување, Ве молиме не ги доставувајте Вашите лични детали до нас.

Ова известување за Политиката за приватност и колачиња ги опфаќа следниве области:

Што се лични податоци?

Лични податоци се информации за поединец кој може да се идентификува, како што е дефинирано со применливиот закон,  како што е името, е-адресата и телефонскиот број.

Лични податоци кои ги собираме од Вас и употреба на собраните податоци

Може да ја посетите оваа веб-страница без да ни кажете кои сте или да откриете било какви информации за Вас. Нашите веб сервери ги собираат изворните IP адреси, за ИТ причини и Ви овозможуваат да се поврзете со нашата платформа со цел да ги обезбедиме нашите услуги за Вас,  но не и е-адресите на посетителите. Покрај тоа, постојат делови од оваа веб страница каде треба да собираме Ваши лични податоци за одредена цел, како на пример да обезбедиме одредени информации кои сте ги побарале и таму каде што е потребно, да се регистрирате на нашата веб страница.

Ние го правиме ова преку употреба на онлајн формулари и секогаш кога ќе ни ги пратите по е-пошта Вашите детали. Ќе видите дека не е задолжително да доставите до нас дополнителни информации какви што бараме, затоа што не е неопходно или разумно со цел да ги обезбедиме до Вас услугите кои сте ги побарале.

Носител на податоците

Собрани податоци

Цели на собирањето

Оправдување на собирањето

Посетител на нашата веб страница

IP адреси, име на домен, Вашата верзија на пребарувач и оперативен систем, податоци за сообраќајот, податоци за локација, веб записи Google analytics

да се измери бројот на посети, просечното поминато време на страната, посетените страници

 

легитимен интерес за мерење на употребата и за подобрување на содржината на нашата веб страница

 

име, е-адреса; примени од посетителот на нашата веб страница

 

да доставиме до Вас информации за нашите промотивни понуди, новости, настани (писма и други публикации), односи со инвеститори или примероци од нашите годишни извештаи и обработка на евиденцијата за претплатничката услуга (за корпоративна webcast услуга или за услугата за известување преку e-пошта)

Вашата претходна согласност со означување на соодветното поле при обезбедувањето на Вашите лични податоци до нас

 

име, адреса, е-пошта; добиени од посетителот на нашата веб страница

да одговориме на Вашите барања или да ги обработиме Вашите барања во однос на Вашите информации

да се преземат соодветни чекори на Ваше барање пред да се стапи во договор

Потрошувачи

Име, презиме, град/село, општина, телефон, е-маил, детален опис на барањето.

За да споделат потрошувачите искуство за нашите производи

За да се контактираат со цел да им се обезбедат дополнителни информации, доколку имаат одредено барање

Купувачи

Компанија, име на објект, адреса, град/село, SAP шифра на купувач, општина, име, презиме, телефон, е-маил, детален опис на барањето, број на фактура, датум на фактура.

за договори за продажба, прифаќање нарачки, вршење испорака, да ги обезбедиме до Вас бараните услуги

 

усогласеност со законските обврски, извршувањето на договорот, согласност (доколку е обезбедена), легитимен интерес.

Медиуми

Медиум, Адреса, Име, Презиме, Телефон, е-маил, Прашања, прилог.

да се контактираат медиумите

да се оствари соработка

Спонзорство

Организација, име, презиме, адреса, телефон, е-маил, барање,

за спонзорство на проект, иницијатива или програма која е во согласност со нашите брендовски определби

За да се контактираат, со цел договарање детали, а спонзорството да биде навремено и успешно реализирано

Добавувачи

Компанија, дејност, адреса, име, презиме, телефон, е-маил, референци, предлог за соработка

За комуникација за соработка со потенцијални субјекти

За користење на услугите за потребите на нашата компанија

Кандидат за работно место

име, презиме, пол, датум на раѓање, адреса, телефон, факс, е-пошта, професионални квалификации,  искуство и образование, добиени од кандидатот за работното место

управување со информации на кандидатите со цел да се оцени Вашата апликација и да Ве контактираме преку телефон или е-пошта

легитимен интерес за оценување на Вашата апликација пред да склучите договор за вработување со нас

Барања од заедницата

Организација/институција, име, презиме, адреса, телефон, е-маил, барање, прилог

За иницијативите во заедницата за кои мислите дека Пивара Скопје може да придонесе

Водење подобра евиденција на барањата од заедницата, за посоодветен и навремен одговор

Барање за посета

Организација/институција, име, презиме, адреса, телефон, е-маил, број на посетители, коментар.

За комуникација со лица кои сакаат да ја посетат фабриката

Посоодветна организација за остварување на бараната посета

 

Што се однесува до сите лични податоци кои се потребни за извршување на нашиот договор со Вас/Вашата компанија, доколку не обезбедите до нас лични податоци, ние нема да може да ја обезбедиме бараната услуга како што е наведено погоре. Инаку, за сите обработки на податоци за кои сте дале Ваша согласност, Вие имате право да ја одбиете или да ја повлечете Вашата согласност во секое време, без никакво штетно влијание за било каков договор кој можете да го имате со нас.

Кога од Вас земаме лични податоци, како што е Вашето име и е-пошта, со Ваша согласност (на пример, преку употреба на онлајн формулари или преку е-пошта), ние ќе Ве информираме во текот на собирањето како ќе ги користиме тие лични податоци.

Политика за колачиња (cookies)

Оваа веб страница користи колачиња за да направи разлика помеѓу Вас и другите корисници на нашата веб страница. Ова ни помага да Ви овозможиме добро искуство кога ја пребарувате нашата веб страница и исто така ни овозможува да ја подобриме нашата веб страница.

Колаче всушност претставува мала датотека која се состои од бројки и букви кои ги складираме на Вашиот пребарувач или хард драјвот на Вашиот компјутер. Колачињата содржат информации кои се пренесуваат до хард драјвот на Вашиот компјутер.

Колачиња за перформанси

Овие Колачиња собираат информации кои ќе ни овозможат да ја подобриме веб страницата.

__utma

го следи бројот на посети на корисникот и времето на првата, претходната и моменталната посета (веројатно делумно и за двојна проверка)

__utmb

се користи за следење колку долго ќе останете на страницата – кога започнува посетата и приближно кога завршува

__utmc

се користат за следење колку долго ќе останете на страницата – кога започнува посетата и приближно кога завршува; ова истекува брзо

__utmz

следи од каде доаѓа посетителот (пребарувач, клучни зборови за пребарување, линк)

 

 

Како ги оневозможувам/овозможувам колачињата?

Имате можност да ги прифатите или одбиете колачињата преку измена на поставувањата на Вашиот пребарувач. Меѓутоа, можеби и нема да може да ги користите сите интерактивни карактеристики на нашата страница доколку колачињата се оневозможени.

Постојат бројни начини за управување со колачињата. Ве молиме погледнете ги инструкциите на Вашиот пребарувач или екранот за помош со цел да научите повеќе за овие функции. На пример,  во Internet Explorer, може да влезете во Tools/Internet options/Security and Privacy Tabs за да го прилагодите пребарувачот според Вашите очекувања. Ако користите различни компјутери на различни локации, ќе треба да обезбедите дека секој пребарувач е прилагоден така што ќе одговара на Вашите преференции за колачиња.

Некои модерни пребарувачи имаат карактеристика која ги анализира политиките за приватност на веб страницата и му овозможува на корисникот да ги контролира своите потреби за приватност. Овие се познати како 'P3P' карактеристики (Платформа за преференции за приватност).

Лесно може да ги избришете колачињата кои се инсталирани во папката со колачиња во Вашиот пребарувач. На пример, доколку користите Microsoft Windows Explorer:

  • Отворете  'Windows Explorer'
  • Кликнете на 'Search' копчето во алатникот  
  • Внесете "cookie" во полето за пребарување за 'Folders and Files'
  • Изберете  'My Computer' во 'Look In' полето
  • Кликнете 'Search Now' Двојно кликнете на папките кои се пронајдени
  • 'Select' која било датотека со колачиња
  • Притиснете на 'Delete' копчето на Вашата тастатура

Доколку не користите Microsoft Windows Explorer, тогаш треба да изберете 'cookies' во 'Help' функцијата за информации за тоа каде да ја најдете папката со колачиња.  

Откривања. Кои се примателите на Вашите лични податоци?

 

Категории на примател

Намена на споделувањето

Компании и/или трети страни даватели на услуги кои ги обработуваат податоците во наше име

За обезбедување на нашите производи и услуги

Кои било трети страни даватели на услуги која било подружница/поврзан субјект на Пивара Скопје ангажиран од нас во обезбедувањето на услуги кои сте ги побарале или сме ги побарале за горенаведените намени

Спроведување на услугите кои сте ги побарале

Деловен партнер

Спроведување на услугите кои сте ги побарале

Државни тела

За да се исполни законска обврска

Агенции за спроведување на законот

За да се исполни законска обврска

Наследници на нашиот бизнис или добавувачи

Спроведување на услугите кои сте ги побарале

Агенции за кредитни референции, агенции за спречување измами, компании и/или трети страни даватели на услуги кои обработуваат податоци во наше име

Борба против мито, борба против перење пари, санкции, Познавајте го својот клиент, Проверка на кредит и проверка за борба против измами

 

Доколку поднесете лични информации до нас, Вие се согласувате со таквото споделување.

Ние го задржуваме правото да ги откриваме Вашите лични податоци како што се бара со законот, или кога веруваме дека откривањето е неопходно за да ги заштитиме Нашите права и/или да почитуваме судска постапка, судски налог, барање од регулатор или друг правен процес кој ни е наложен.

Освен ако тоа не се бара со закон, нема да споделуваме, продаваме или дистрибуираме кои било од личните податоци за кои ќе ни обезбедите Ваша согласност.

Конечно, доколку нашето претпријатие пристапи кон заедничко вложување или е продадено или се спои со друг деловен субјект, Вашите податоци ќе бидат откриени на нашите нови деловни партнери или сопственици.

Како ги заштитуваме Вашите лични податоци

Корисници на возраст од 18 години и помлади

Доколку сте на возраст од 18 години или сте помлади, побарајте дозвола од Вашиот родител или старател пред да ни обезбедите лични податоци. Корисниците без ваква согласност не смеат да ни обезбедат лични податоци.

Други веб-страници

Нашата веб-страница содржи линкови до други веб-страници кои се надвор од нашата контрола и не се покриени со ова Известување за приватност и колачиња. Доколку пристапите на други страници користејќи ги обезбедените линкови, операторите на тие страници може да соберат информации од Вас кои тие ќе ги користат во согласност со нивните Политики за приватност, кои може да се разликуваат од нашите. Не преземаме никаква одговорност или обврска за нивните политики или обработката на Вашите лични податоци. Ве охрабруваме да ги прочитате известувањата за приватност и колачиња и условите на кои било поврзани, упатувани или веб-страници поврзани со интерфејс, во кои ќе влезете пред да поднесете лични податоци на веб-страниците на таквите трети страни.

Безбедност на собрани податоци и чување на податоци

Користиме строги физички, електронски и административни безбедносни мерки за заштита на Вашите податоци од пристап од страна на неовластени лица и против незаконска обработка, случајна загуба, уништување и оштетување и онлајн и офлајн. Ќе ги чуваме Вашите податоци колку што е потребно заради собирање и потоа ќе ги чуваме Вашите податоци сѐ додека тоа се бара со законот. За повеќе информации за чувањето обратете се на pivara.skopje@pivaraskopje.com.mk.

Преноси и откажувања преку интернет

Иако Пивара Скопје користи разумни мерки за заштита од вируси и други штетни компоненти, природата на интернетот е таква што е невозможно да се осигура дека Вашиот пристап до веб-страницата ќе биде непрекинат или без грешки, или дека таа веб-страница, нејзините сервери или е-пошта која може да ја испратиме ќе бидат без вируси или други штетни компоненти. 

Контактирање со нас и Вашите права на пристап и ажурирање на Вашите лични податоци

Пристап до, ажурирање и бришење на податоци

Имате право на увид во личните податоци кои ги чуваме за Вас; може исто така да побарате од нас да ги направиме потребните промени за да осигураме дека се прецизни и за да бидат тековни или да ги избришеме личните податоци кои ги имаме за Вас. Може исто така да не информирате доколку би сакале да го ограничите обработувањето на податоци или за да се спротивставите на обработувањето на личните податоци кои ги имаме за Вас. Доколку сакате да го сторите тоа, контактирајте не со користење на деталите за контакт обезбедени во делот Контакт (pivara.skopje@pivaraskopje.com.mk или DataProtectionOffice@cchellenic.com). Исто така имате право да ги обезбедите личните податоци кои ги чуваме за Вас на друг давател на услуги по Ваш избор.

Повлекување на согласноста

Доколку побараме Ваша согласност за обработка на личните податоци кои ги имаме за Вас, може да ја повлечете Вашата согласност во секое време, без да влијае на законитоста на обработката врз основа на согласност пред повлекувањето. Доколку сакате да го сторите тоа, Ве молиме контактирајте со нас користејќи ги деталите за контакт обезбедени во делот Контакт подолу, на pivara.skopje@pivaraskopje.com.mk или на DataProtectionOffice@cchellenic.com.

Жалба

Имате право да поднесете жалба пред Националниот орган за заштита на податоци со испраќање на Вашето барање до Дирекцијата за заштита на личните податоци - https://www.dzlp.mk/

Контактирање со нас

Доколку имате некакви коментари, прашања или барања поврзани со нашето користење на Вашите лични податоци или какви било прашања во врска со ова Известување за приватност и колачиња, контактирајте со нас користејќи ги следните адреси на е-пошта: pivara.skopje@pivaraskopje.com.mk или DataProtectionOffice@cchellenic.com. Со задоволство ги  очекуваме Вашите прашања и кои било предлози кои може да ги имате за нашето Известување за приватност и колачиња.

Како ќе се прават промени кон оваа Политика за приватност и Политиката за колачиња

Периодично проверувајте го ова Известување за приватност и колачиња за да бидете информирани за какви било промени. Иако го задржуваме правото да ја изменуваме или дополнуваме оваа политика, ќе Ви обезбедиме известување на оваа веб-страница за какви било големи промени најмалку 30 дена по промената и, каде што е соодветно, преку известување по е-пошта.

Полна чаша на Instagram