Ние и заедницата

„ПИВАРА СКОПЈЕ“ ПОСТАВИ УШТЕ ЕДЕН НОВ ЛЕТНИКОВЕЦ ВО ВЕЛЕС

Ние и заедницата

Како дел од низата летниковци до сега поставени низ повеќе локации низ Скопје, и уште неколку градови низ земјава, омилениот пивски бренд „Скопско“, во духот на неговиот слоган „За нас“, денеска ги израдува и Велешани со нов летниковец, донација од „Пивара Скопје“.

Летниковецот во Велес е дел од серијата донации од вкупно 15 летниковци, кои ќе бидат поставени во различни општини низ земјава. Досега се поставени вкупно 11 и тоа низ Скопје, Куманово, Штип, Гевгелија, а со денешниот летниковец во листата влегува и градот Велес. Целата иницијатива за ваква донација произлезе токму од духот на „Скопско“ пиво, кое со својата најнова кампања нè потсетува на пријателствата, маалските анегдоти и приказни и на сите други мали нешта што ни значат, нè зближуваат и нè радуваат.

Полна чаша на Instagram