Совети за аплицирање

КОИ СЕ ПРЕДИЗВИЦИТЕ И ШТО СÈ МОЖЕ ДА НАУЧИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВАШАТА ПРАКСА ВО ПИВАРА СКОПЈЕ

Совети за аплицирање

Барајќи практикантска работа која би им помогнала да ги прошират своите гледишта во однос на работењето во корпоративниот свет, Сенека Рејси и Александра Новеска ја искористија можноста која Пивара Скопје им ја нуди на младите талентирани студенти преку својата програма за практикантска работа. Овие две дами му се придружија на тимот на Секторот за јавни работи и комуникации во 2015 година. Сенека Рејси успеа да му се придружи на тимот со тоа што беше најдобра во рамките на натпреварувачкиот процес за поднесување апликации при Универзитетот во Лихај, во САД, и стана наш практикант во периодот јуни-јули 2015 година. Александра Новеска, студент на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, се истакна со своите извонредни вештини во областа на графичкиот дизајн и беше дел од нашиот тим во периодот септември-октомври 2015 година. Ни претставуваше големо задоволство да работиме со овие две одлични студентки кои уживаа во можноста да научат нешто повеќе и да ги развијат своите вештини, притоа давајќи свој придонес во различни проекти. Во следното интервју можете да прочитате какви беа нивните искуства и со кои предизвици се соочија во текот на практикантската работа:

На кои проектни задачи работевте во Пивара Скопје и колку време?

Бев практикант во Секторот за јавни работи и комуникации во јуни и јули 2015 година. Работев на изложбата „Уметност и пиво“, на проектот „Охридско лето“, чиј спонзор е Пивара Скопје, на Галичката свадба и други проекти. Исто така, работев на резимеа за корпоративна општествена одговорност за веб-страницата на Heineken, дистрибуирав неделни е-алатки и лекторирав текстови со различна содржина.

 

aleksandraВо Пивара Скопје бев еден месец на пракса и во тој период работев на две проектни задачи. Првата проектна задача беше за кампањата „Вози безбедно и консумирај одговорно“ за која изработив кратка видеопрезентација, како и фотографии од спроведените активности по повод Денот на одговорна консумација. Втората проектна задача беше да работам на визуелниот идентитет на новата дигитална платформа на Пивара Скопје – ПОЛНА ЧАША.

Кои беа почетните предизвици со кои се соочивте со цел брзо да се приспособите кон новата динамична средина на Пивара Скопје?

Најголемиот предизвик ми беше јазичната бариера. Не зборувам македонски и иако повеќето мои колеги во Пивара Скопје зборуваат англиски, комуникацијата со некои луѓе одеше тешко. Јасно е дека најголем дел од состаноците со надворешни соработници се одвиваа на македонски јазик, па ми беше тешко целосно да разберам за што се работи и активно да учествувам. Сепак, сите се трудеа да ми помогнат и се чувствував добредојдена уште од самиот почеток!

На почетокот предизвик ми беше самото вклопување во динамичната средина во Пивара Скопје, понатаму предизвик ми претставуваше соодветно да одговорам на зададените задачи, како и организирањето на активностите во текот на работниот ден. Темпото на работа во Пивара Скопје е толку динамично што секој ден носи свој предизвик, а, сепак, назначените обврски мора редовно да се извршуваат.

Колку Ви помогнаа познавањата стекнати во текот на студиите во исполнувањето на работните обврски?

Благодарение на високото образование, јас бев одлично подготвена за оваа практикантска работа. Се одликувам со истакната работна етика и затоа сите зададени задачи ги исполнував целосно и ефикасно. Покрај тоа, имав самодоверба и се чувствував пријатно во професионалното опкружување во кое се најдов.

 

Меѓу многубројните работни задачи во Пивара Скопје, работев и на задачи кои бараа визуелни решенија. Задачите најчесто беа од економската област, па така, тоа што сум студент на Економскиот факултет ми помогна во разбирање на поимите, а моите вештини и знаења од областа на графичкиот дизајн во нивна визуелна реализација.

Каква беше улогата на Вашиот ментор во текот на практикантската работа?

Како практикант, имав двајца ментори: Соња Тодорова и Ламбро Патче. Тие ми помогнаа одлично да се интегрирам во тимот и во различните програми и настани кои ги организираше компанијата. Постојано ме вклучуваа во сè што се случуваше и постојано ми доверуваа разновидни одговорности, така што навистина се чувствував како дел од Пивара, а не само како практикант кој во компанијата ќе биде само два месеца.

Улогата на менторот е мошне сериозна, затоа што покрај извршувањето на своите обврски, тој треба да му посвети големо внимание на практикантот. Пред сè, неговата улога е да го мотивира и да го поттикнува практикантот, да го советува, да му помага во извршувањето на задачите, да му ги посочува грешките, како и да му помогне во нивно коригирање. Исто така, менторот треба да биде трпелив, да соработува со практикантот, да му делегира некаква одговорност, на тој начин давајќи му шанса да се покаже. Во целост, менторот треба да претставува инспирација за практикантот. Во сите овие аспекти јас имам одлично искуство со Пивара Скопје.

Што научивте преку оваа пракса и како ќе ви помогне тоа во иднина? Дали праксата во Пивара Скопје ви овозможи да придобиете вредни искуства и нови знаења?

Кај моите двајца ментори забележав неверојатна посветеност како кон јавните работи и комуникациите, така и кон Пивара Скопје. Потемелно се запознав со компанијата и стекнав искуство во различни аспекти од бизнисот. Исто така, имав можност да соработувам со останатите оддели и надворешни субјекти. Се здобив со вредни професионални вештини и способности кои секако ќе ми помогнат во која било идна кариера.

 

aleksandraПраксата во Пивара Скопје ми овозможи да придобијам нови искуства и знаења во области во кои претходно немав искуство. Исто така, научив како полесно да се справам со обврските и со нивно навремено извршување во зададените рокови, преку давање приоритет на одредени активности. Научив и дека е многу важно да се посвети внимание на деталите, како и вршење проверка на секоја извршена задача. Едноставно, сè треба да биде „под конец“. Во Пивара Скопје видов дека не оставаат простор на импровизации и сè што се работи, па дури и од практикантите, мора да биде извонредно.

Што би им советувале на идните практиканти во Пивара Скопје како најдобро да се вклопат во средината?

Мојот совет за идните практиканти во Пивара Скопје е активно да се вклучуваат! Сериозно пристапете им на вашите одговорности и барајте од менторите да ве вклучуваат во секоја можност. Можете многу да научите од една реномирана компанија како Пивара Скопје, па затоа максимално искористете го времето.

 

Најпрвин би им препорачала доколку имаат шанса, да бидат практиканти во Пивара Скопје, да не ја пропуштат таа шанса, бидејќи тоа не е само работно искуство, туку повеќе животно искуство. А за побрзо да се вклопат во динамичното опкружување на Пивара Скопје, би им препорачала да бидат максимално сконцентрирани и добро да ги организираат своите задачи.

На крајот, што очекувавте од праксата во Пивара Скопје и колку таквите очекувања се разликуваат од она што реално го добивте?

Пред да пристигнам во Македонија, не знаев во кој оддел ќе бидам распоредена, но се надевав дека ќе се стекнам со општи професионални вештини и знаење за бизнисот. Со тоа што станав практикант во Секторот за јавни работи и комуникации, не само што учествував во процесите и настаните кои ги организира компанијата, туку имав можност да присуствувам и на културни настани и на тој начин научив многу за македонската култура. Контактот кој го имав со останатите оддели и креативни агенции и агенции за комуникација уште повеќе го подобри моето искуство како практикант. Можам да кажам дека искуството во Пивара Скопје дефинитивно ги надмина сите мои очекувања!
Се разбира дека имав одредени очекувања пред да почнам со праксата, бидејќи Пивара Скопје е бренд кој опстојува, расте и се развива повеќе од 90 години на нашиот пазар. Сепак, Пивара Скопје ги надмина моите очекувања во секој поглед, што значи дека разликата е позитивна, добив многу повеќе отколку што очекував. Мислам дека оваа компанија е одлично место да се работи и да се гради кариера.

 

Полна чаша на Instagram