СЛОБОДНА ПОЗИЦИЈА: КООРДИНАТОР ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки и можност за личен и кариерен развој.

 

Што е тоа што го бараме:

  • Висока стручна подготовка ВСП (Факултет за безбедност, Воена академија или Правен факултет);
  • Најмалку 3 години работно искуство во физичко и техничко обезбедување и евакуација;
  • Искуство во работа со техничка опрема за видеонадзор и заштита на податоци;
  • Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим;
  • Силни организациски и лидерски вештини;
  • Добро познавање англиски јазик;
  • Добро познавање на апликациите MS Office, а SAP ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б-категорија.

 

Краток опис на основните одговорности:

Се грижи за физичко и техничко обезбедување лица и имотот на Пивара Скопје АД согласно процедурите на компанијата, законските регулативи и корпорациските стандарди Coca Cola HBC & Heineken. Се грижи за противпожарна заштита, евакуација и спасување во делокругот на компанијата.

 

  • Ја надгледува и ја контролира работата на надворешната компанија за обезбедување ангажирана од страна на Пивара Скопје АД и води грижа за бројот на неусогласености при влез и излез од капиите;
  • Се грижи за имотот на компанијата, асистира и води истраги при злоупотреба на материјалните добра во сопственост на компанијата (недостиг на производ, злоупотреба на фрижидери, апарати за точење, маркетинг-материјали и слично);
  • Организира годишни вежби за евакуација и спасување во соработка со противпожарната служба на град Скопје;
  • Се грижи за исправноста на системите за заштита од пожари;
  • Одговара за техничката поставеност, опременост и исправност на техничките средства за обезбедување, како што се видеонадзор, мониторинг, електронска контрола на влез и друго;
  • Воспоставува процедури со цел спречување кражби и неовластено изнесување материјали и добра;
  • Активно зема учество во IMCR тимот за решавање кризни ситуации;
  • Континуирано се надградува со нови знаења и применува најдобри техники од областа на обезбедувањето.

 

Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на вашата апликација давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Како да аплицирате:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниот начин:

Да пратат своја кратка биографијаи писмо за интерес (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Координатор за обезбедување“, најдоцна до 8.2.2019 година.

 

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Полна чаша на Instagram