СЛОБОДНА ПОЗИЦИЈА: МЕНАЏЕР НА СМЕТКОВОДСТВО

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки и можност за личен и кариерен развој.

 

Што е тоа што го бараме:

  • Висока стручна подготовка – ВСП VII/1 од областа на сметководство и ревизија, финансиски менаџмент;
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на сметководство, од кои 2 години на раководна позиција во сметководство/финансии;
  • Поседување уверение за овластен сметководител од Институтот за сметководители и овластени сметководители заверено во Регистарот на сметководители на РМ;
  • Познавање на MCC, МСФИ, примена на сметководствени принципи и законски прописи;
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, PowerPoint), искуство во работа со системот SAP/ERP ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање деловен англиски јазик;
  • Мотивација за работа во динамична работна околина, работа во тим и ефикасно координирање тим;
  • Способност за проактивно, ефективно и аналитично работење.

 

Краток опис на основните одговорности:

Одговара за обезбедување навремена и точна евиденција на сметководствените настани и обезбедува контрола преку усогласување на главната книга со помошните книги за евиденција на основните и парични средства, залихите, побарувањата, обврските и капиталот. Обезбедува усогласеност на законските, интерните и корпоративните политики и процедури.

  • Врши надзор над задачите на сметководството за време на месечните затворања, осигурувајќи навременост и точност;
  • Одговара за навремено затворање на периодите за книжење;
  • Обезбедува информации и го контролира процесот на затворање книжени приеми со влезни фактури;
  • Пресметува и евидентира временски разграничувања и очекувани трошоци за периодот;
  • Обезбедува точност во вреднувањето стварни трошоци на залихи;
  • Координирање задачи за материјално – финансиско усогласување, усогласување разлики по попис и усогласување помошни книги со главна книга;
  • Подготовка и навремено поднесување завршна сметка;
  • Подготовка на статистички извештаи и периодични финансиски извештаи (БУ, БС и готовински тек);
  • Раководи со тимот, советува, едуцира и дава предлози за развој на вработените.

 

Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Како да аплицирате:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниот начин:

Да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Менаџер на сметководство“, најдоцна до 18.1.2019 година.

 

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Полна чаша на Instagram