СЛОБОДНА ПОЗИЦИЈА: РАКОВОДИТЕЛ НА ТИМ ЗА ПРОДАЖБА – СТРУМИЦА

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки и можност за личен и кариерен развој.

 

Што е тоа што го бараме:

  • Високо образование;
  • Најмалку две години работно искуство во продажба. Раководење со тим ќе се смета за предност;
  • Високоразвиени лидерски, продажни и интерперсонални вештини;
  • Посветеност на тимска работа, самоиницијативност и проактивност;
  • Мобилноста во рамките на Р. Македонија ќе се смета за предност;
  • Добро познавање англиски јазик и апликациите MS Office;
  • Возачка дозвола Б-категорија.

 

Краток опис на основните одговорности:

Раководи со тим, врши контрола на пазарот и посочува можности за развој на продажната мрежа во регионот на дневна основа.

  • Се грижи за професионалниот развој на членовите на тимот, обезбедува менторство и коучинг;
  • Ги води, ги развива и ги мотивира членовите на тимот и го евалуира нивниот учинок;
  • Одржува дневни и неделни состаноци со тимот;
  • Врши континуирано прибирање податоци од сите продажни места во регионот во врска со степенот на дистрибуирани и присутни производи;
  • Договара и дефинира цели, врши контрола на извршувањето на пазарот;
  • Набљудува, истражува и предлага можности за развој на продажбата во регионот на дневна основа;
  • Учествува во планирањето волумен на продажба на регионот и во активностите за реализација;
  • Развива долгорочни партнерски односи со купувачите;
  • Дава предлози за подобрување на сервисот кон купувачите во насока на зголемување на задоволството и продажбата.

 

Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Како да аплицирате:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

Да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Раководител на тим за продажба“, најдоцна до 26.12.2018 година.

 

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Полна чаша на Instagram