ОГЛАС ЗА РАБОТА: СМЕТКОВОДИТЕЛ ЗА МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки.

 

Што е тоа што бараме:

  • Висока стручна подготовка – ВСС VII/1 од областа на сметководството и финансиите
  • Минимум 2 години работно искуство во областа на материјално-финансиското работење, или сметководство и ревизија
  • Познавање деловен англиски јазик
  • Познавање MS Office (Excel, Word, PowerPoint)
  • Искуство во работа со SAP ERP систем ќе се смета за предност
  • Способност за тимска и индивидуална работа
  • Комуникативност, организираност, одговорност, лојалност, темелност, навременост

Краток опис на основните одговорности:

Во согласност со процедурата, гарантира обезбедување навремено и квалитетно евидентирање на добиените фактури за набавка на стоки и услуги, изготвува пресметки за набавни цени, врши проверка и затворање салда на дадени аванси за набавка, обезбедува точност во известувањето за залихите.

  • Контрола и книжење на материјалната и на финансиската документација
  • Пресметка и распределба на зависни трошоци при набавката
  • Усогласување салда со добавувачи
  • Обработка и усогласување на разликите по попис
  • Изготвување и анализа на извештаи за трошоци на производство, како и извештаи за залихи
  • Пополнување извештаи од областа на материјално-финансиското работење

 

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 08:00 до 16:00 часот.

Минималната основна бруто-плата за ова работно место е 45.000,00 МКД. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 45 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да испратат свое CV (на англиски и на македонски јазик) со назнака „Сметководител за материјално-финансиско работење” на следната e-mail адреса: recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com, најдоцна до 02.10.2017.

Полна чаша на Instagram