СОРАБОТКА СО ЦРВЕН КРСТ

Поттикнување на соработката меѓу Црвениот крст и партнерските организации за воспоставување одржливи партнерства, обезбедување проектна поддршка за општествено социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на ранливите категории во заедницата, како и поттикнување на свесноста за поголема општествена одговорност на бизнис секторот, имаше за цел денешниот Партнерски состанок што го организира Црвениот крст на Република Македонија.

– Морам да признаам дека концептот на општествена корпоративна одговорност, за кој до неодамна велевме дека е нов, веќе е во подем, тој се развива, добива нови вредности и нови примеси и претставува можност за сите кои делуваат работат во државата, бизнис секторот, да го практикуваат оној дел кој секаде во светот се третира како инвестиција, а не како трошок, рече генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити. Тој истакна дека денешниот состанок е можност со претставниците на корпоративниот сектор и останатите присутни заинтересирани субјекти да разговараат за можностите за соработка на наредната година.

– Се работи за проекти кои се во функција на подобрување на животот на ранливите целни групи во Република Македонија, кои за импакт имаат општествена одговорност, манифестирање и предизвикување позитивни ефекти во општеството, рече Саити. Ова, рече, се покажа како добра форма и практика и на ваков начин според него и Црвениот крст како директен провајдер на хуманитарните активности на терен, презема улога на оштествена одговорност, како мотиватор за сите кои досега не го направиле тој чекор да почнат да го практикуваат. Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, истакна дека со Црвениот крст на Република Македонија, има исклучително добра соработка во организирање акции кои, како што рече, многу значат за заедницата.

-Со Црвениот крст на РМ ја работиме волонтерската акција. Годинава волонтерите на Пивара Скопје реализираа 1.000 часови во заедницата во која работиме. Признанијата кој ги добиваат нашите волонтери претставува мотив повеќе за сите во компанијата и во иднина да го негуваат волонтерскиот дух и обврска секогаш да помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна. Соработката со тимовите на Црвениот Крст, нивната стручност компетентност, помогна тие акции да имаат вистински ефект во заедницата, рече Патче. Тој додаде дека нивното партнерство ќе продолжи и на полето на животната средина, а тие како организација секогаш може да сметаат на подршката на тимот на Пивара Скопје и во случај на вонредни ситуации.

Полна чаша на Instagram