Студентско катче

СТУДЕНТИ СЕ СРЕТНАА СО ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ПИВАРА СКОПЈЕ – ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ДЕН СО МАКЕДОНСКИТЕ ВОДЕЧКИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ“

Студентско катче

Како дел од проектот „Ден со македонските водечки извршни директори“, 13 студенти од повеќе различни факултети, денеска беа во посета на Пивара Скопје. Студентите имаа можност да поминат еден работен ден со генералниот директор на Пивара Скопје, Владимир Косијер, кој им ги сподели своите професионални искуства. Програмата која траеше од април до август годинава, се реализираше под покровителство на претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, а во организација на Советот на странски инвеститори.

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска приреди прием за студентите од додипломски, постдипломски и докторски студии од областа на правните и економските науки, бизнис администраци, електротехника и информациски технологии, електроенергетика и архитектура, и им додели сертификатите за учество во програмата „Ден со македонските водечки извршни директори“. Пивара Скопје е дел од петте компании чии менаџери имаа задача да им покажат на избраните студенти како изгледа работниот ден на врвен менаџер, да го дознаат процесот за водење компанија и да се стекнат со нови знаења и вештини кои ќе придонесат за развој на нивниот претприемнички дух. Оваа програма е прва од ваков вид што се организира во Република Македонија, а целта е македонските студенти да не мора да заминуваат надвор од државата за да ги учат различните менаџерски вештини и да стекнуваат искуства, туку можат да останат дома, во Македонија, и да учат од директорите кои доаѓаат од странство.

Учесниците изразија задоволство што беа дел од проектот, во рамки на кој имаа можност да добијат одговори на прашања во областите што се од нивен интерес. За нив е особено мотивирачки дека непосредно се запознале со работата на луѓе кои имаат голем придонес во државата. За дел од студентите Школата за млади лидери, која што Пивара Скопје ја поддржува години наназад, исто така била од големо значење, бидејќи придонела да ги усовршат своите вештини и да бидат подобри во професијата.

 

Полна чаша на Instagram