Ние го сакаме пивото

СВЕТОТ НА ПИВСКИТЕ КРИГЛИ

Ние го сакаме пивото

Во светот има многу пронајдоци за кои можеби никој им го нема оддадено потребното внимание. За некои секојдневни работи кои ги поседуваме, никогаш не успеваме да ја сфатиме нивната вистинска вредност. Денес не можеме да замислиме свет без струја, без интернет, без технологија. Но, дали некогаш сте се запрашале на кому му текнало да направи чаша? Кому треба да сме му благодарни денес? Такви податоци не можеме да дознаеме, но секако дека  прво била направена од гола потреба, па потоа чашата добива свои титули (кралска чаша, света чаша, обична, порцеланска, стаклена).

Старите архиви велат дека чашите за прв пат биле направени пред околу 5.000 години, во западна Азија, Египет и Микена, Крит. Најстарите чаши не биле направени од стакло, туку од камен – минерал „Лазус лазули“ кој лесно се обработува кога е загреан. Дополнително биле украсувани со  скапоцени камења кои се користеле како орнаменти што ги носеле фараоните, со нив се украсувале гробниците и многу други посебни намени.

Транспарентните чаши почнуваат да се изработуваат околу осмиот век п.н.е. и тоа отвора нова димензија на уживање во видливоста на пијалакот во чашата. До крајот на Викторијанската ера, не се служело во стаклени садови, туку гостите во угостителските објекти биле служени од глинени или керамички нетранспарентни чаши и чинии. Ваквата иновација била одлична за да се подобри хигиената и услугата во пабовите, а посетителите станале посвесни за она што го консумираат и оттука започнува пивската историја на стаклените чаши.

Со првото масовно производство на стаклени кригли, Друштвото на пиварници во Англија произвело кригли со натпис „ПИВОТО Е НАЈДОБРО“. Потоа на сцена доаѓа високата кригла со вдлабнатини, која била идеална за служење темно пиво во задимените барови.

По барање на муштериите, големите ребрести кригли се заменуваат со полесни чаши, испакнати неколку сантиметри на врвот, а со тоа се намалил и проблемот со кршење при групно миење на чашите.

Денеска, на пример, речиси сите белгиски пиварници произведуваат сопствени брендирани чаши, кои се служат во баровите и кафулињата и го прават целото искуство попријатно.

Чашите имаат унифицирани величини и тоа:

  • Imperial Pint = 568ml
  • US Pint = 473ml
  • Metric Pint = 500ml (неформален термин за мерење)

 

Dimple кригла – Imperial Pint

Типично британскa Pint кригла која за жал е излезена од мода во последниве години, но во некои пабови сѐ уште може да ги најдете и со задоволство ќе ве послужат газирано горко пиво. Оваа кригла е изработена од стакло кое навистина тешко се крши, а со рачката лесно може да ја опфатите – и тоа ве прави да се чувствувате дека пиете пиво во „соодветна“ чаша!

Krug / Seidel (Stein) – 500ml / 1l +

Ова е класична германска кригла и доаѓа во неколку различни форми. Често изработувана со шарки (првично за да ги спречат мувите) може да се направат од керамика, порцелан, стакло, сребро и калапи. Германскиот термин Steinkrug е за керамичката верзија, други материјали имаат свои имиња како Glaskrug (за стакло). Стаклените верзии најчесто може да се сретнат без капакот со калај и со името на пиварницата гравирано на страна.

Maßkrug / Seidel – 1l

Ова е кригла која најчесто се користи на прославите на Октоберфест. Кога е направена од стакло се нарекува Seidel, а Maßkrug кога се направени од керамика. Иако овој стил на кригли се користи за да се задржи околу литар и половина, сега веќе е стандардизирана на 1 литар, со простор за убава густа пена. Ова е класична чаша за пиење големи количини на Märzen и се разбира, Октоберфест пиво.

Pilsner кригла / флејта 330ml

Од овој тип на чаши има две верзии: едната е витка конусна, а другата кратка но, секогаш со тркалезно дно и може да собере 330ml, но понекогаш е и малку поголема од тоа, за да се вклопи со вкусот и барањата на Европејците. Прекрасно доживување од голтка пиво.

Weissbier кригла – 500ml (Германија), 330ml (Белгија)

Специфична заоблена верзија на Пилснер стакло кое ги задржува аромите на многуте германски и белгиски пченични пива. Американски и канадски помали пиварници кои прават своја верзија на пченични пива, исто така, го служат во овие ергономски заоблени чаши.

Лале кригла

Ова е популарно кај белгискиот Златен Алеш и е совршено за сипување и сервирање на овие моќни, но освежувачки пива. Ова е исто така одлично за Империјални или за силни ароматични пива.

На крајот од денот, како и да е МНОГУ КРИГЛИ! 🙂 Пивското уживањето е секогаш поголемо во стаклена и соодветна чаша и одлично друштво! Затоа дозволете си уживање на вистински начин и секогаш споделете го со вашите пријатели!

Наздравје!

Полна чаша на Instagram