Животна средина

ГО ОДБЕЛЕЖУВАМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДАТА

Животна средина

Науката докажала дека водата, која сочинува над 70% од човечкото тело е неопходна за одржување на сите витални системи и органи во телото на човекот. Според експертите, најефикасен начин за дополнување на неопходното ниво на течности е комбинацијата на чиста, проверена вода и најразновидни пијалаци, што доведува до оптимална хидратација на организмот. Опасностите од дехидратација за физичкиот и умствен развој на човекот се огромни и затоа експертите советуваат секојдневно да се внесуваат доволно количества проверена вода и останати пијалаци.

Редовната хидратација има многу придобивки за човечкиот организам. Кога човекот чувствува жед,  телото има загубено повеќе од 1% од вкупното количество на вода, а тежината кое едно лице ја губи непосредно по интензивен тренинг или трчање е тежината од водата, а не од мастите.

Велат дека на еден возрасен човек дневно му се потребни од 2 до 2,5 литри вода кои можат да бидат комбинација од вода за пиење, вода од други пијалаци кои најчесто во својот состав содржат повеќе од 90% вода или вода внесена преку исхрана.  Внесувањето вода во организамот го регулира високото ниво на холесторол во кртва, ги прочистува бубрезите, ја подмладува кожата….

Денес сме навикнати да ја имаме водата во чиста форма, спремна за користење. Водата е нашиот извор на живот и е од есенцијално значење за нас. Но, чистата вода за пиење е во сѐ поголема опасност од исчезнување. Затоа, исклучително е важно да ја зачуваме водата и природните водени ресурси, преку заштеда на водата во домовите и работната средина, инвестирање во прочистителни станици, со што би се намалило влијанието врз водата во индустрии во кои таа се експлоатира.

Уште во 2011 година, Пивара Скопје пушти во употреба станица за био третман на води, прва и единствена од ваков вид во земјата, вложувајќи речиси 3 милиони евра сопствени средства. Веќе 6 години, станицата придонесува кон унапредување на екосистемот, но истовремено овозможува и ефективна заштеда на вода и енергија.

Уникатноста на станицата за био третман на води во Пивара Скопје е во начинот на нејзиното функционирање, како и во крајните ефекти од нејзината работа. Во неа се врши третман на водата од производствениот процес на биолошки начин. Исклучително значајно е и тоа што оваа најсовремена технологија овозможува водата од производствениот процес да се прочисти до степен да може повторно да се користи како техничка вода, а гасовите кои ќе се ослободуваат за време на третманот да бидат искористени за производство на енергија.

Со овој и низата други проекти кои компанијата ги спроведува на полето на заштита на животната средина во целост, Пивара Скопје ја потврдува својата стратегија за општествена одговорност и одржлив развој.

Три години во континуитет, Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC групацијата, е рангирана на прво место во светот според остварените резултати и заложбите за одржливост и заштита на животната средина. Во престижното глобално рангирање кое го прави „Дау Џонс индекси за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Indices – DJSI), минатата година групацијата Coca-Cola HBC освои 90 поени, 3 повеќе од рангирањето во претходната година и дури 40 поени повеќе од просекот во светската индустрија за пијалаци.

Со ова, Пивара Скопје и останатите компании во состав на Coca-Cola HBC, трета година по ред го потврдуваат статусот на глобални лидери според резултатите во заложбите за одржливост, што досега не ѝ успеало на ниту една друга компанија во светската индустрија за пијалаци.

Полна чаша на Instagram