Ние и заедницата

ПИВАРА СКОПЈЕ ДОНИРАШЕ ЛЕТНИКОВЕЦ ВО OПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Ние и заедницата

Во духот на добро познатиот слоган „За Нас” на омилениот пивски бренд Скопско, Пивара Скопје денеска донираше нов летниковец, овој пат за жителите на општината Ѓорче Петров.

Жителите на населбата Даме Груев каде што е поставен, го дочекаа летниковецот со големо воодушевување. Ветија дека ќе го искористат како ново место за дружење и рекреација со соседите, а очекуваат и повторно да се врати маалскиот живот кој го имаме подзаборавено. Дури и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров – Александар Наумоски, денеска дојде да види каде жителите од неговата општина ќе го поминуваат слободното време и ќе се дружат.

„Би сакал да им се заблагодарам на нашите пријатели од Пивара Скопје за донацијата на овој летниковец. На ваков начин, ја враќаме сплотеноста и истовремено им овозможуваме на граѓаните на едно урбано место да се дружат, релаксираат, да играат шах, табла, да разговараат за секојдневнието. Маалскиот живот во Ѓорче Петров е одлика на нашата општина, и токму затоа, особено ми е задоволство што на ова место, односно во населбата Даме Груев каде е поставен летниковецот, граѓаните ќе имаат можност да ја продолжат таа традиција”.

Овој е втор летниковец од вкупно 15 кои Пивара Скопје ќе ги постави во различни општини низ земјава. Оваа донација произлезе токму од духот на Скопско пиво, кое со својата најнова кампања нè потсетува на пријателствата, маалските анегдоти и приказни, и сите други мали нешта кои ни значат, нè зближуваат и радуваат.

Инаку, „Пивара Скопје” донира 15 летниковци за повеќе општини во државата, очекувајте наскоро и вашата општина да биде разубавена со ново место за искрени дружби и насмевки.

Полна чаша на Instagram