Животна средина

ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Е НАШ СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТ

Животна средина
draganКако функционира Логистичкиот сектор во Пивара Скопје и за кои се активности е одговорен?

 

Логистичкиот сектор во Пивара Скопје во оваа форма се појавува пред 5 години. Наша примарна задача е целокупно движење, навремена достава, како и чување на резервите на готовиот производ, репроматеријалите, суровините и амбалажата. Во наша надлежност се магацините за готов производ, магацините за суровини, репро и маркетинг-материјали и разладни уреди. Ние сме одговорни и за целокупната примарна дистрибуција низ градот Скопје, за транспортот до нашите дистрибутивни центри и последно, но не помалку важно е управувањето со возниот парк на Пивара Скопје.

Секторот е поделен на три дела, Магацини за готов производ, Магацини за суровини, репро и маркетинг-материјали и Логистиката за потрошувачи и транспорт (Customer Logistic).

draganКои се најновите трендови во Логистика и каде е иднината во тој дел кога се во прашање стоките за широка потрошувачка?

 

Голем дел од компаниите кои произведуваат производи за широка потрошувачка, делот на примарна и секундарна дистрибуција го предаваат на специјализирани компании кои вршат услужна дејност. Користењето на услугите за логистика од трети лица (3PL – “Third parts logistics”) е тренд во подем во изминатава деценија. При овој концепт производителите, делот на логистиката и дистрибуцијата ги гледаат како несуштински дел на нивното производство и овие активности ги пренесуваат на извршување на други специјализирани компании. Компаниите постојано прават детални анализи идентификувајќи ги областите каде што одредени процеси може да бидат извршувани од трети лица, водејќи се од придобивките за постојано подобрување на квалитетот во работењето, зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците. На овој начин тие имаат можност повеќе да се фокусираат на својата примарна дејност и во целост да се посветат во тоа што се најдобри: изработка и продажба на производи со врвен квалитет.

Во овој сегмент можам да кажам дека Пивара Скопје е пионер во Македонија со почнување на користење услуги од други специјализирани компании. Еден од првите чекори во почетокот на приватизацијата на Пивара Скопје било користењето услуги од трети лица.

draganКои се најдобрите практики што може да ги посочиме за пример на останатите бизниси во земјава?

 

Континуираното обучување на вработените е нешто што треба да биде постојан процес. Креативно размислување кое придонесува за подобрување на системите е нешто што треба да се применува во секој сегмент. Таков пример на унапредување на процесите е примената на системи од типот на LEAN или SIX SIGMA кои придонесуваат за побрзо и поефикасно работење. Овие методи за подобрување во работата се првенствено излезени од автомобилската индустрија, а се покажува дека наоѓаат примени во сите сегменти на производствениот процес, складирањето и дистрибуцијата. Ретки се компаниите кај нас кои ги применуваат овие методи за унапредување во нивната работа. Пивара Скопје веќе неколку години е сертифицирана од страна на CCHellenic во делот на Lean Логистиката.

draganКако придонесува секторот Логистика кон унапредување на општествената одговорност во Пивара Скопје?

 

Како општествено одговорна компанија, Пивара Скопје почна процес на модернизирање на флотата кај своите партнери. Имено, минатата година создадовме критериуми за дистрибуција кои секој од нашите добавувачи треба да ги исполни за  да продолжи да соработува со нас. Наша цел е да дадеме значаен придонес за животната средина преку возилата кои ги дистрибуираат нашите производи.  За таа цел еден од основните критериуми ни е возилата да ги исполнуваат најстрогите еколошки стандарди ЕУРО 5 И ЕУРО 6. За таа цел во соработка со една  партнерска дистрибутивна компанија направивме план да имаме хибридно возило во нашата флота, кое покрај својот дизел ЕУРО 6-мотор, може да се движи и на струја, при што потрошувачката на гориво и загадувањето на околината се сведени скоро  на нула.

draganКажете ни повеќе за најновата иновација во Логистика – хибридното возило. Кои се неговите специфики и предности и зошто е воведено?

 

Зачувување на животната средина е наш стратешки приоритет. Наша цел беше да дадеме личен придонес, а наедно и да ја подигнеме свеста во заедницата на која припаѓаме. Дискусиите за електрични возила се поприсутни, така што хибридното возило беше логичен исчекор и знаеме дека сме единствени во овој сегмет.

Замислете, убав сончев ден на Водно и нашето дистрибутивно возило доставува производи, при што со сигурност знаеме дека тоа не претставува опасност за околината. Замислете и друга ситуација, се јавила потреба од достава на производи во Градскиот парк, каде што возилото би се движело со безбедна брзина до 10км/ч без емисија на штетни гасови. Оваа наша одговорност поставува нови стандарди кои, уверен сум, ќе ги следат и другите компании.

Еко-хибридното возило се напојува со 150 кс дизел-мотор, кој е потпомогнат од 54 кс (40 kw) електричен мотор. Кога почнува со работа, возилото тргнува на електричен погон, а кога ќе достигне брзина од 10км/ч, компјутерот во возилото калкулира кој мотор колкава моќност треба да напојува, но промената на погонот за напојување скоро не е забележлива. Енергијата за напојување на батеријата се генерира при кочење на возилото, при што го напојува електричниот мотор, кој потоа го потпомага дизел-моторот не само кога ќе почне возилото да се движи, туку и при забрзување. Возилото поседува и стандарден стоп-старт систем кој дополнително ја потпомага заштедата на гориво. Согласно со тестовите кои се спроведени, ова возило во просек има за 23% помала потрошувачка, како и намалување на емисија на CO2 (јаглероден диоксид).

Полна чаша на Instagram