
НАЗДРАВУВАМЕ ЗА 99 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА, ЗА ПРЕПОЗНАТЛИВИОТ КВАЛИТЕТ, ЗА ВРЕДНОСТИТЕ ШТО НÈ ОБЕДИНУВААТ, ЗА УСПЕСИТЕ КОИ СОЗДАЛЕ ИСТОРИЈА.
Денеска одбележуваме 99 години постоење на Пивара Скопје.
Ви благодариме на сите што сте дел од оваа автентична приказна која ја создаваат голем број генерации горди Пиварци. Чувството на гордост произлегува од вредностите кои нѐ обединуваат, од тимскиот дух и лидерството.
Прославуваме за препознатливиот квалитет на нашите производи, за љубовта која ја градиме кон нашите брендови, за иновативноста и искуствата кои секојдневно ги создаваме за нашите купувачи и потрошувачи, за позитивното влијание кое го оставаме во заедницата. Прославуваме за нашата посветеност, бидејќи сè она што го работиме, го правиме со огромна страст и желба за постојано надградување.
По овој повод со Вас споделуваме ретки и едни од најзначајните документи за Пивара Скопје, за кои истражувавме и пребарувавме повеќе од 3 години во балканските архиви со тимот на Центарот за научни истражувања, ХАЕМУС:
- Документот од левата страна е повик во Службен весник за запишување на 30.000 акции во Парна Пивара А.Д во Скопје во филијалата на Прашката Кредитна банка во Белград и
- Агендата на Собранието на акционери од 2 септември 1922 година
Да наздравиме за уште многу заеднички успеси и моменти кои се вредни за паметење, ЗА НАС!