Програмата на Пивара Скопје е единствена можност за млади талентирани дипломци кои сакаат да ја започнат својата успешна менаџерска кариера.
Оваа програма е смислена на таков начин што нуди можност за брз напредок, интензивно учење и развој, конкретни одговорности и задачи преку кои секој учесник директно придонесува за успехот и резултатите на компанијата. Целта на Програмата за менаџмент обука е да вработи талентирани млади лидери со потенцијал и искуство потребно за постигнување на резултати во различни работни ситуации и да ги развие во идни успешни менаџери, кои ќе ја водат компанијата во понатамошен напредок.
Програмата е наменета за млади амбициозни луѓе, кои сакаат предизвикувачка и одговорна работа, интензивна програма за развој и усовршување, можност да напредуваат во остварување на успешна кариера на менаџер во голема интернационална компанија, а кои во исто време се подготвени да вложат исклучителен труд, иницијатива и енергија во постигнување врвни резултати. Програмата за менаџмент обука е организирана во 3 фази, каде што секоја фаза претставува повисок чекор во работите и одговорностите кои кандидатот ги добива во системот на Пивара Скопје, како и повисоко ниво на развојот на способности, знаења и искуства на учесниците.
ПРВА ФАЗА – ЗАПОЗНАВАЊЕ И ВОВЕДУВАЊЕ
По првично запознавање со компанијата и колегите, учесниците ќе бидат вклучени во реализација на еден проект. Проектот трае неколку месеци и тој има конкретна цел, план, дефинирани одговорности и задолженија за секој учесник. Во текот на проектот учесниците добиваат поголем предизвик и постигнуваат конкретни резултати, додека бројните развојни активности следат и поттикнуваат понатамошно учење и усовршување на “trainee”.
ВТОРА ФАЗА – СЕКТОРСКО/ФУНКЦИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ
Во следниот дел од програмата, учесниците преземаат позиција во одреден сектор каде што добиваат одговорност за постигнување на конкретни работни цели на тој сектор. Работејќи во својот сектор, учесниците во целост се запознаваат со функционирање на секторот, неговите стратегии, активности и предизвици. Позицијата и задачите се такви што поттикнуваат понатамошен развој на учесниците, а во исто време им овозможуваат значително да придонесат за подобро функционирање на самиот сектор и остварување на подобри резултати.
ТРЕТА ФАЗА – УСОВРШУВАЊЕ НА МЕНАЏМЕНТ КОМПЕТЕНЦИИ
Третата фаза на програмата пред учесниците поставува нов предизвик, давајќи им, покрај одговорностите за остварување на работни резултати, можност да се покажат како лидери. Преку директната одговорност за луѓето и резултатите, последната фаза на програмата поттикнува учесниците да развијат и усвојат соодветни менаџмент пристапи, способности и знаења и да добијат поширока слика за работењето на компанијатаПивара Скопје.
ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА
По успешно поминување низ сите фази на програмата, успехот на сите учесници се утврдува на ниво на топ-менаџментот на компанијата каде што се донесуваат одлуки за понатамошно постојано вработување на одредена лидерска позиција во системот на Пивара Скопје.
УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ
Програмата за менаџмент обука е поддржана со различни активности насочени кон развој и поддршка на учесниците, со цел низ оваа програма да го реализираат својот потенцијал во целост. Во согласностсо нашата филозофија на развој на вработените: 70% од развојот и учењето се одвиваат низ активности и задолженија кои учесникот ги извршувана работа, 20% во комуникација и работа со менторот и 10% во тренинг и обука. Индивидуален развоен план се прави за секој учесник и врз таа основа во текот на траењето на програмата се организираат активности и можности за учење и усовршување. На секој учесник ќе му биде доделен по еден успешен менаџер од Пивара Скопје како ментор, кој ќе ги следи неговиот развој и напредок низ програмата и ќе го поддржи во остварување на исклучителни резултати и успешна кариера.
I СЕЛЕКЦИЈА
Процесот на селекција сесостои од 5 фази каде што секоја фаза е организирана така што секој кандидат добива подеднаква можност да покаже свои квалитети, како и да се препознаат оние со највисок потенцијал.
1.Прегледување на апликациите
Целта на оваа фаза е меѓу примените апликации да се издвојат кандидати кои задоволуваат минимум поставени критериуми за оваа позиција. Сите апликации за Програмата за менаџмент обука се испраќаат исклучиво по електронски пат.
2.Тестирање
Тестовите имаат за цел да се провери нивото на основни знаења и способности кои учесниците на Програмата за менаџмент обука би требало да го поседуваат.
3.Телефонско интервју
Преку телефонско интервју со кандидатите кои се покажале како најуспешни на тестирањето, утврдуваме кои релевантни искуства кандидатот ги поседува, а кои го чинат соодветен за позиција на менаџмент обука во компанијата Пивара Скопје, како и кои се неговите/нејзините очекувања и мотивација да се вклучи во оваа програма.
4. Центар за проценка
Преку практични задачи и ситуации во кои се вклучува кандидатот, добиваме увид во неговите/нејзините менаџерски потенцијали, како и во пристапот кон работата, тимската работа и решавањето проблеми.
5. Интервју
Интервју со најуспешните кандидати е финалниот чекор. Интервјуто го спроведува тим на менаџери од компанијата.
II ПРОФИЛ НА КАНДИДАТИ
Што треба да поседува добар кандидат за нашата Програма за менаџмент обука?
Предност во првата фаза на селекција ќе имаат кандидатите со високо постигнување во текот на студирањето (VII-1 степен, висок просек, кратко студирање, вонфакултетска ангажираност во текот на студирањето).
Со оваа програма ја охрабруваме претприемачката култура
и ги мотивираме младите да ја земат иднината во свои раце.