Посветено работиме со цел да придонесеме кон подобра и одржлива иднина, за доброто на сите нас. Уште од нашите почетоци пред 100 години, одржливоста е основно начело според кое работи Пивара Скопје и останува да биде стожерот околу кој се движи целата наша работа.
Нашата деловна стратегија, како и однесувањето кое се заснова врз вредности и се води од принципи во рамките на нашата организација ја нагласуваат критичната важност на создавањето на заедничките вредности за сите засегнати страни. Години наназад Пивара Скопје во својата срцевина ја носи интеграцијата на општествената одговорност и одржливоста како начин на кој го водиме деловното работење. Ги дефиниравме нашите приоритети во однос на одржливоста преку активно слушање и постојан контакт со нашите соработници. Ваквиот дијалог за нас претставува основен инструмент со чија помош ја градиме и ја надградуваме матрицата на важност во која се содржат прашањата, ризиците и можностите кои се од голем приоритет за нашиот бизнис и засегнатите страни. Врз основа на тоа, ние ги дизајнираме нашите стратегии за одржливост со јасни планови за спроведување на овие стратегии со цел исполнување на нашите заложби. Ваквите програми ги гледаме како долгорочни инвестиции со цел создавање на вредност за нашиот бизнис и локалната заедница.
Квалитетот е неизбежен дел од сите сегменти на нашето работење, а нашиот успех се заснова врз производи и услуги со гарантиран квалитет и интегритет. Повеќе
Посветуваме многу време, вештини, средства и други ресурси со цел заштита, поддршка и подобрување на квалитетот на животот на сите членови на нашата заедница. Повеќе
Најефикасен начин за управување со телесната тежина е балансирање на количината на енергија (калории) кои ги внесуваме и количината која ја трошиме преку физичка активност и здраво живеење. Сите наши производи може да бидат дел од активен и здрав животен стил кој подразбира урамнотежена исхрана и редовна физичка активност. Повеќе
Пивото е природен производ. За повеќето возрасни лица пивото може да биде дел од здрав и урамнотежен животен стил доколку се консумира одговорно. Повеќе
Сведување на минимум на влијанието врз животната средина е наша суштинска цел. Постојано изнаоѓаме нови начини за намалување на потрошувачката на вода и енергија, како и намалување на отпадот. Повеќе
Ништо не е поважно од обезбедувањето здрава и безбедна работна средина за нашите вработени. Нашата клучна цел е едноставна: работа без повреди. Повеќе