Совети за кариера

10 ВАЖНИ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ОДГОВОРНА КОНСУМАЦИЈА НА АЛКОХОЛ 

Совети за кариера

Дали алкохолот на жените им делува различно од мажите?

Едноставниот одговор е да. Консумирање на исти количини алкохол води до помало ниво на алкохол во крвта кај мажите отколку кај жените. Мажите имаат поголема просечна тежина и релативно повеќе течности во организмот.

Жените го метаболизираат алкохолот многу побавно од мажите, со што алкохолот останува во нивниот организам временски многу подолго.

Следствено, идентична количина на алкохол ќе има поголем физички ефект на женскиот организам, отколку на машкиот пред сè поради разликата во тежината.

Зошто различни луѓе различно го согоруваат алкохолот?

Нивото на алкохол во крвта се одредува според брзината на апсорпција на алкохолот во крвта и од брзината на обработка на алкохолот од страна на црниот дроб.

Нивото на алкохол во крвта зависи од многу различни фактори. На пример, комбинирање на алкохолот со храна, помага да се намали нивото на алкохол во крвта. Нивото на алкохол во крвта зависи и од бројот на пијалаци кои сте ги консумирале, брзината со која консумирате, вашата просечна телесна тежина и пол.

Иако брзината на согорување на алкохолот во крвта помеѓу индивидуи е различна, просечно, црниот дроб може да согори 8 грама алкохол за период од 1 час.

Зошто е лошо малолетници да консумираат алкохол ?

На малолетниците им недостасува искуство за пиење алкохол и тие не си ги знаат границите. Премногу пиење за време на пубертетот може да има штетни последици за развој на мозокот, црниот дроб и хормоналниот систем. Различни држави различно ја дефинираат дозволената возрасна граница за консумирање алкохол. Луѓе под старосната граница не треба да купуваат или консумираат алкохол.

Зошто е подобро да се пие на полн стомак?

Полниот стомак ја успорува апсорпцијата на алкохол. Ако консумирате алкохол после јадење, на ефектите од алкохолот ќе им треба подолго време да се појават и концентрацијата на алкохол во крвта нема да порасне толку брзо во споредба со тоа ако консумирате алкохол на празен стомак.

Дали пиењето кафе помага во отрезнувањето?

Црното кафе, ладните тушеви или свежиот воздух нема да направат ништо за да ги спречат ефектите на алкохолот. Тие можеби ќе направат да се чуствувате поубаво, но потребно е време алкохолот да исчезне од вашиот крвоток. Нема скратени патишта.

Кога не треба да се консумира алкохол?

Има одредени ситуации кога е најдобро да не консумирате алкохол воопшто, иако законите или препораките дозволуваат консумирање одредено количество алкохол.

Тоа е кога :

  • возите или имате во план да возите
  • на работа, особено ако работата вклучува ракување со опасни материјали, машини или работното место бара голема концентрација
  • бремени жени
  • под законската старосна граница
  • доколку не можете да се контролирате колку консумирате алкохол
  • имате медицински препораки да не консумирате алкохол

Како одговорна компанија, веруваме дека доколку консумирате алкохол, секогаш  го консумирате умерено во вистинското време, на вистинското место и со вистински причини.

Ако алкохолот се консумира несоодветно, стануваме опасност за себе и за другите.

Кои се потенцијални здравствени ефекти од консумирање алкохол?

Ацетатот од алкохолот произведен главно од црниот дроб предизвикува депресија во централниот  нервен систем.

Ова има ефект на однесувањето  на човекот како функционална попреченост, намален капацитет за расудување, променливо расположение, депресија и вознемиреност. Алкохолот има ефекти на меморијата и моториката на организмот. Консумирањето на алкохол во големи количини, може да доведе до незгоди или да придонесе до слабо расудување, насилство или непланирана бременост. Обемното алкохолизирање може да доведе грчење на организмот, состојба на кома или смрт.

Која е безбедната количина за консумација на алкохол?

Како одговорна компанија, веруваме дека доколку консумирате алкохол, секогаш консумирате умерено, во вистинско време, на вистинското место и со вистински причини. Исто така има ситуации каде што не треба да консумирате алкохол, иако законите или препораките дозволуваат консумирање одредено количество алкохол.

Многу влади и здравствени авторитети даваат дневни или неделни упатства за бројот на алкохолни единици што можат да се консумираат. Има јасни здравствени ризици и негативни последици од нашето однесување поврзани со постојаното или повремено прекумерно консумирање алкохол.

Културните вредности, религиозните ставови и законодавството, сите тие влијаат на пиењто , но на крајот луѓето сами за себе одлучуваат дали ќе консумираат алкохол и колку ќе консумираат.

Дали бремените жени е безбедно да пијат алкохол?

За бремени жени или тие што пробуваат да забременат побезбедно е да не пијат алкохол.

Кога бремените жени пијат, алкохолот не се пренесува само до сите органи и ткива, туку исто така стигнува и до мембраните на матката каде што е плодот.  Кога мајката пие, и нејзиното дете пие.

Бројни, психофизички нарушувања во развојот, се поврзуваат со употребата на алкохол за време на бременоста. Најдобро дефинирана од овие е таканаречениот “алкохолeн синдром на фетусот” поврзан со хронична употреба на алкохол од страна на бремени жени. Нема доволно квалитетни истражувања за да се утврди која е безбедната количина за консумација на алкохол за време на бременоста. Најбезбедниот пристап е да не се пие алкохол воопшто.

Како може алкохолот да дејствува на мене?

Алкохолот делува кај сите различно дури и еден или два пијaлаци може да имаат ефект на вас.

Алкохолот го забрзува вашиот пулс и дишењето. Го дехидрира вашето тело, и ја зајакнува потребата за уринирање.

Алкохолот ја намалува концентрацијата, координицијата на движењата па дури и влијае на вашиот вид. Многу често и со најмали количини на алкохол можете да  направите грешки и погрешно да расудувате.

Вашата способност за возење кола или било кое друго возило може да се наруши и со внес на помали количини од законски предвидените. За безбедно возење потребно е да имаме добар вид, добра проценка на звукот и брзи рефлекси. Алкохолот ги нарушува сите три. Ако возиме во алкохолизирана состојба ризикуваме да  настрадаме или да се  повредиме  себе или останатите. Најбезбеден пристап за тие што планираат да возат е да не пијат алкохол воопшто.

Постoјаниот внес на големи количини алкохол може да предизвика социјални, психолошки и медицински проблеми, вклучувајки и зависност од алкохол.

 

Полна чаша на Instagram